Бонтон на маса: 14 манири за коишто повеќето луѓе немаат ни слушнато
6. Месо со коска
Доколку сте на некој формален настан, како што е на пример деловниот ручек, тогаш треба да користите прибор кога јадете месо со коска. Доколку пак, јадете скара со членовите на вашето семејство и со пријателите, тогаш прифатливо е да јадете месо со коска, само со раце.
7. Ракчиња
- Доколку јадете порција ракчиња коишто не се излупени, во тој случај можете да ги внесете во уста, само со раце. Потоа, отпадоците треба да ги фрлите.
- Доколку пак, јадете ракчиња на скара како предјадење, во тој случај треба да ги натопите во сос и да ги внесете во уста, директно од стапчето. Доколку ракчињата се премногу големи, можете да ги гризете на залчиња. Во овој случај, никако немојте да го потопувате гризнатото ракче во сос.
- Коктелот со ракчиња се послужува во висока чаша или во длабок сад. Ракчињата коишто се поголеми, се пресечени на неколку парчиња. Доколку не можете да користите нож, употребете виљушка и јадете го во залаци. Доколку сосот е наменет само за вас, тогаш можете да го потопувате гризнатото ракче во него.
- Излупените и пржени ракчиња, сервирани во чинија, се јадат со виљушка и нож.
8. Пица
Ако сте на забава, тогаш можете да земете парче од чинијата, со раце. Истото правило, важи за секој неформален настан. Но, доколку сте на деловен ручек, во бар или ресторан, тогаш пицата треба да ја јадете со нож и виљушка.
9. Тако
- Ако такото е крцкаво, може да се консумира со раце. Доколку самите ги одбирате внатрешните состојки, започнете со лист од марула, бидејќи тоа ќе го одржува такото подолго време суво. Потоа додадете ориз, сирење и зеленчуци. Немојте да ставате премногу фил и поставете го во чиста чинија. Ако некои од состојките испаднат, на тој начин, ќе можете брзо да ги соберете.
- Доколку пак, такото е многу меко, треба да биде убаво завиткано. Во тој случај, можете да му ставите малку сос одозгора и треба да го јадете со виљушка и нож.
10. Полнети печени компири
Полниот печен компир, правилно се консумира со виљушка. Можете да го држите со прстите од едната рака, а со другата рака и со помош на виљушка, да ја излупите кората. Потоа, компирот го кршите на парчиња со вашите раце, а виљушката се употребува за да ја промешате внатрешноста од компирот, со другите состојки.
11. Грашок
Грашокот се јаде со виљушка и нож. Ножот, во суштина се користи за да ги турнете зрната врз виљушката, пред да ги ставите во уста. Другата алтернатива, е да ги користите само запците од виљушката. Што и да одлучите да користите, запомнете само дека никако не треба да го гмечите грашокот.
12. Авокадо
Авокадото коешто е пресечено на пола, се јаде со мала лажичка. Парчињата авокадо, коишто се ставени во салата, треба да се јадат со виљушка. Гуакамолето пак, исто како и секој друг намаз, може да се намачка на парче леб или крекер.
13. Кашкавал
Меките видови кашкавал (како на пример камамбер и бри) се јадат сосе кората. Кога станува збор за тврдите видови кашкавал како што е чедарот, тогаш кората се сече со нож, а кашкавалот се држи со виљушка.
- Во рестораните, чинијата со кашкавал се послужува како предјадење, а може и да доаѓа во комбинација со јаткасти плодови, овошје и крекери. Меките видови кашкавал се пресечени на парчиња и послужени на чинија. Исто така, овие видови може да бидат послужени и на крекери или парчиња леб. Во овој случај, тие се како мали сендвичи, кои слободно можете да ги јадете само со раце.
- Тврдите видови кашкавал, треба да се пресечени на парчиња и ставени во вашата чинија. Доколку се наоѓате на некоја формална вечера, кашкавалот треба да го консумирате со виљушка. Доколку пак, решите да си направите сендвич со крекер или леб и кашкавал, тогаш исто како и кај меките сирења, можете да го јадете со раце.
14. Десерти
- Еклерите секогаш треба да се јадат со виљушка и нож. Притоа, треба да бидете многу внимателни додека ги сечете, за да не ви истече филот надвор од нив.
- Крофните и благите печива, треба да ги искршите со помош на вашите раце и да ги внесувате во уста, во мали парчиња.
- Доколку десертот е премногу леплив, во тој случај мора да се користи прибор.
Манирите на маса, не се однесуваат само на правилата за користење прибор за јадење или не. Покрај тоа, треба да ги запомните и правилата на однесување според бонтон: не го оставајте мобилниот телефон на маса, избришете ги усните со салфета пред да се напиете голтка од вашата чаша за да останат рабовите чисти, а кога станувате од столчето, речете „Извинете ме“. Уживањето во храната е многу поголемо, кога сте во друштво на културни луѓе. Како што Антон Чеков кажал: „Доброто воспитување не значи дека нема да истурите сос на чаршавот за маса, туку дека нема да забележите доколку некој друг го направи тоа.“ Овие зборови, навистина кажуваат сè, кога станува збор за бонтонот на маса.
Може да ве интересираат и овие 5 основни правила на свадбениот бонтон.