Претходно
Болни вистини кои само најдобрата пријателка смее да ви ги каже
Постојат нешта кои можете да ги поднесете само доколку ви ги посочи вашата најдобра пријателка. Таа може да биде и целосно директна во изјавата бидејќи ве познава доволно добро и знае дека сте подготвени да ја чуете вистината. Токму затоа таа е единствената личност на која ѝ е дозволено да ви ги каже јасно и гласно следниве изјави:
„Воопшто не му се допаѓаш ти нему“
„Премногу алкохол испи, нè срамиш и затоа те носам дома“
„Овој фустан воопшто не ти стои“
„Мислам дека овој пат претера и дека треба да му се извиниш“
„Кретен е“
„Време е да пораснеш и сериозно да почнеш да бараш работа“
„Сакаш сè да контролираш и нè полудуваш со тоа“
„Не можам веќе да слушам за него, напорна си“
„Претеруваш со таа диета“
„Ужасно пееш“
„Сама си бидејќи имаш превисоки критериуми“
„Самата си крива за тоа“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.