Боксерки или гаќи? Што открива неговата долна облека за него?

Боксерки или гаќи? Што открива неговата долна облека за него?

Изборот на долната облека открива нешто за карактерот на личноста. Иако со вакви информации за жените се испишани и објавени цели книги, кога станува збор за мажите, очигледно никој досега не се сетил да го коментира нивниот избор на долна облека. „Хафингтон пост“ направиле една духовита анализа на мажите во зависност од тоа дали носат класични или тесни боксерки, обични гаќи, танги или пак „забораваат“ да облечат долна облека.

Боксерки или гаќи? Што открива неговата долна облека за него?

Боксерки

Дечкото кој најчесто носи боксерки не се плаши да ја дојаде кората од старата пица која два дена стоела на шанкот, никогаш нема тоалетна хартија во тоалетот, а дезодорансот го смета за чисто фрлање пари, бидејќи и онака веќе има колонска вода. Обожава да носи долна облека со финтаџиски натписи или ликови од цртаните филмови, што значи дека и понатаму е 11-годишник во душа, кој најверојатно никогаш нема ни да порасне.

Боксерки или гаќи? Што открива неговата долна облека за него?

Слип (тесни) боксерки

Овој дечко сè држи под контрола, тој знае кога треба да биде елегантен, а кога може да се опушти. Редовно вежба и нема да си дозволи да му се прелева салото преку работ на неговите внимателно избрани гаќички. Слип боксерките ги бираат дечките кои знаат што сакаат жените.

Боксерки или гаќи? Што открива неговата долна облека за него?

Обични гаќи

Дечкото со обични гаќи не може да го остави минатото зад себе и да се сконцентрира на иднината. Најверојатно ги носи уште од детството, што покажува дека не е склон на промени и сака да игра на сигурно. Овој тип машка долна облека најчесто е карактеристична за чичковци и дедовци и е доста ограничена во однос на изборот.

Боксерки или гаќи? Што открива неговата долна облека за него?

Неносење долна облека

Тоа што не носи долна облека, не е знак на неговиот сексапил, туку најверојатно е во прашање неговата мрза. Или едноставно не стигнал да си ги испере алиштата. Ако не стигнува да ги направи основните работи, сигурно нема време ни за многу други, на пример за туширање.

Боксерки или гаќи? Што открива неговата долна облека за него?

Танга

Овој необичен избор на долна облека е за мажите кои сакаат да се покажат со својата фигура. Но, за жените ова изгледа како тие да облекле хеланки на кои им е отсечен делот околу задникот.

Боксерки или гаќи? Што открива неговата долна облека за него?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар