Бојата на вашите очи зборува за вашата личност
Сиви очи
Ретките луѓе со сиви очи се родени да бидат лидери. Тие имаат моќ да решаваат големи проблеми бидејќи секогаш имаат начин да дојдат до позитивен исход. Јаки личности се и поседуваат силна енергија која на некој начин ги штити од надворешни притисоци. Исто така се и прилагодливи, всушност не постои ситуација или околина на која не би можеле да се прилагодат.
Имаат малку чуден карактер и често изгледаат како да се зафатени. Не поднесуваат стагнација и монотонија. Секогаш мораат нешто да прават. Луѓето сакаат да бидат околу нив бидејќи тие имаат некое смирувачко дејство. Се водат од разумот и знаат да чуваат тајни. Не се баш авантуристички духови. Секогаш се педантни, но не се опседнати со тоа. Многу им е лесно да си го организираат животот благодарение на нивниот практичен начин на размислување и паметните одлуки кои ги донесуваат. Многу се верни и тежнеат да создадат траен љубовен однос. Тие целосно му се посветуваат на партнерот.
Зелени очи
Луѓето со зелени очи имаат енергичен и креативен дух. Сакаат авантури и ги прифаќаат сите предизвици кои ќе се појават пред нив. Но, немојте да им се заканувате или да ги мамите. На тоа тие ќе ви одговорат со одмазда. Луѓето со зелени очи имаат реторички способности, а и интелигенцијата е нивна јака страна. Имаат страстен и жив дух. Никогаш нема да дозволат некој или нешто да им го попречи патот до среќата.
Страсни се и како љубовџии и исто така сакаат долги врски, но знаат да бидат и доста љубоморни. Имаат привлечен надворешен изглед и најсексапилна боја на очи. Сакаат да ги забавуваат другите. Ова се луѓе на кои можете да им верувате. Но, ако ги навредите, не очекувајте тишина – ќе добиете соодветна реакција со која ќе ве направат уште поголема будала одошто сте ги направиле вие нив.
Лешник боја на очи
Луѓето со лешник боја на очи се секогаш спремни да ги прифатат предизвиците. Никогаш нема да се откажат од борбата и ќе дадат сè од себе за да докажат дека се најдобри. Многу се сочувствени и секогаш се љубезни кон луѓето, но само додека е по нивно. Сакаат авантури и запознавање нови луѓе.
Имаат темпераментен карактер. Тргнете им се од патот кога се бесни. Луѓето со вакви очи имаат карактеристики типични за луѓето со зелени и за луѓето со кафени очи. Сакаат промени и се спонтани. Убави се и елегантни. Кога станува збор за љубовните врски, внимавајте, бидејќи тие се љубители на кратки врски, а нема ни да забележите кога ве завеле. Многу се енергични и храбри и сакаат да експериментираат во животот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
a zelenite kade se
На втората страна
Jas imam sino-zeleni