Бојата на вашите очи зборува за вашата личност
Очите се прозорец кон душата на човекот. Тие зборуваат многу за луѓето. Ако сте насмеани, а вашите очи не изразуваат среќа, значи дека не сте вистински среќни. Психолозите обрнуваат многу внимание на очите за да откријат дали некој лаже или ја кажува вистината кога зборува за своите моментални чувства. Но, дали сте знаеле дека за вашата личност зборува и самата боја на вашите очи?
Црни очи
Вакви очи ретко се сретнуваат. Луѓето со црни очи всушност имаат многу темни кафени очи. Ако имате црни очи, вие сте живи и полни со страст. Вашите обврски никогаш нема да останат незавршени и секогаш ќе вложувате 100% од вашата енергија во сè што работите. Имате натпреварувачки дух и се трудите да бидете супериорни.
Таинствени сте и не им се отворате лесно на луѓето. Тоа понекогаш ве спречува да започнете љубовна врска. Но кога ќе се заљубите сте посветени и лојални. Црнооките често имаат цврсти ставови, но на овие луѓе можете да им верувате и да се потпрете на нив. Тие никогаш нема да ве изневерат. Една негативна карактеристика која ја имаат е нивната склоност кон расправање и постојаната желба да ги одбранат своите ставови дури и кога знаат дека згрешиле. Луѓето со црни очи се нетрпеливи и не би чекале долго.
Кафени очи
Ова е најчестата боја на очи. Кафената боја претставува едноставност, сила и креативност. Ако вие имате кафени очи веројатно уживате да бидете во центарот на вниманието. Луѓето со кафени очи се блиски до природата и тие не им придаваат многу важност на материјалните нешта. Тие се одлични љубовџии и знаат како да влеат доверба во својот/та партнер/ка.
Нив ги сакаат луѓето, меѓу другото затоа што знаат цврсто да стојат на нозе. Тие се екстравертни и сакаат да запознаваат нови луѓе, но проблем им е кога треба да ги искажат своите чувства пред други. Имаат одличен смисла за хумор и секогаш можат да ги расположат другите. Многу се паметни и луѓето често им се обраќаат за совет. Нивна јака страна е и креативноста, а имаат и смисла за мода.
Сини очи
Синооките луѓе фасцинираат со својот поглед. Кога ќе погледнете во личност со сини очи, не може, а да не ги забележите. Луѓето со вакви очи често имаат младешки дух. Тие се шармантни, привлечни и вистински пријатели. Плавите очи носат спонтаност и енергичност.
Луѓето кои имаат сини очи го живеат животот во целост. Секогаш се трудат да им помагаат на другите бидејќи имаат изразено сочувство. Продуховени се и целат да имаат долги љубовни врски. Сакаат среќно семејство и очекуваат посветеност од партнерот. Имаат многу изразена моќ за перцепција и ништо не може да им се провлече. Многу се отворени кога станува збор за чувствата и не се срамат.
a zelenite kade se
На втората страна
Jas imam sino-zeleni