Бојата на автомобилот ја одредува личноста
Автомобилот е продолжение на личноста, бидејќи изборот го правиме врз основа на нашите префернции, а тие, пак, се во согласност со нашиот карактер. Го возите токму оној автомобил кој долго го посакувавте? Или можеби сè уште сте на патот да си ја остварите оваа желба? Во овој случај, каква би била бојата на вашиот совршен автомобил? Еве што вели изборот на бојата за вас:

јака црвена: секси, брзи, високо-енергични, динамични

темна пурпурна (комбинација од црвена и сина): го оставате истиот впечаток, само помалку очигледно

портокалова: зборлести, луѓето ги сакаат, забавни, модерни, променливи

сонце-жолта: ведри, весели, млади во душа

златно-жолта: интелигентни, топли, сакаат комфор и плаќаат за да го имаат

темно зелена: традиционални, може да им се верува, балансирани

светла жолто-зелена: модерни, ексцентрични, „живи“

темно сина: доверливи, самоуверени, сигурни

светла или средно-светла сина: кул, смирени, верни, тивки

виолетова: креативни, индивидуалистички, оригинални

сива/сребрена: елегантни, обожаваат футуристички изглед, кул

бела: пребирливи, педантни

црна: моќни, не може лесно да ги манипулираат, сакаат елеганција, ценат класика

кафена: приземни, не се бесмислени

сиво-кафена или жолто-кафена: безвременски, базични, со едноставни вкусови