Боите на пазарите во Мексико
Фотографката Алисон Хеjлицер ни раскажува одлична приказна за живописноста во секојдневниот живот на пазарите во Мексико.

Боите ви го одземаат здивот уште пред да пристигнете до пазарот. Ова е Денот на Мртвите во Сан Мигел де Аленде.

Одморајќи се од плетењето кошници, оваа жена ги чека потенцијалните купувачи.

Зелена ќерамика во форма на вазни на отворениот пазар во градот Оаксакан

Уметност на ткаење на разбој

Шарената волна е само мал дел од Оаксаканскиот стил.

Мирисот на топлите quesadillas, ја привлекува толпата.

Потребна е сила да се подготви пијалакот од пченка и цимет наречен техате.

Чуроси, кои се наоѓаат во кошничка на велосипед. Така се транспортираат до локалните маркети.

Надвор од големиот пазар, оваа жена си ја чува својата територија.

Папаја завиткана во весник

Чајоте, гуава и авокадо - можете да направите многу со овие плодови.

„Знаете ли колку се вкусни тамалите?“ - Таа им довикува на минувачите.

Зачини, зрнеста храна и грав. Сладост.

Сцена од пазарот за месо

Пазарите во Мексико можат да понудат одличен избор на разновидни продукти. Но, за тие кои го вадат лебот од тоа е доста напорна работа.