Бои, инспирација, перфекција: Оригинални Инстаграм профили кои мора веднаш да ги заследите

Бои, инспирација, перфекција: Оригинални Инстаграм профили кои мора веднаш да ги заследите

Доколку ви е потребна идеја за тоа како да се нашминкате, облечете или да си го разубавите денот, профилите на овие Инстаграм девојки се одличен избор за вас. Инстаграм го прослави својот 5-ти роденден, а ние ви ги претставуваме 5-те најдобри профили.

1-boi-inspiracija-perfekcija-originalni-instagram-profili-koi-mora-vednash-da-gi-sledete-www.kafepauza.mk_

1. @debbiefortes

Деби Фортес има око за детали – таа може еден обичен момент да го претвори во совршена фотографија. Линиите и облиците се голем дел од нејзиниот стил. Во споредба со другите, кај неа палетата на бои е секогаш нагласена иако никогаш не ја намалува приказната која уметникот сака да ни ја раскаже. Документирањето на секојдневниот живот во Дубаи од едноставна перспектива, Деби ни прикажува работи кои инаку би биле занемарени.

1-5-boi-inspiracija-perfekcija-originalni-instagram-profili-koi-mora-vednash-da-gi-zasledite-kafepauza.mk-kafepauza.mk

2. @hudabeauty

Худа Катан е лице од социјалните медиумски кругови на Блискиот Исток. Таа започнала како бјути блогерка, а сега својот профил го претвори во култен, со повеќе од 6 милиони следбеници на Инстаграм и 650 илјади претплатници на Јутјуб. Да не спомнуваме дека од своите мејкап туторијали направи империја после лансирањето на својот бренд „Huda Beauty“ во 2013 година.

2-boi-inspiracija-perfekcija-originalni-instagram-profili-koi-mora-vednash-da-gi-sledete-www.kafepauza.mk_

3. @laura_eltantawy

Патувајте низ светот заедно со египетскиот фотограф Лаура Ел-Тантави! Од аџиите до јапонските венчавки во Хирошима, постои одредена врска помеѓу неа и нејзините 26 илјади следбеници, докажувајќи дека убавината на светот е насекаде околу нас.

3-5-boi-inspiracija-perfekcija-originalni-instagram-profili-koi-mora-vednash-da-gi-zasledite-kafepauza.mk-kafepauza.mk

4. @secretsquirrelfood

Еден од најмногу фотографираните објекти на Инстаграм е храната, а Карен Маклин знае доста за тоа. Многу од нејзините фотографии со храна се фотографирани од птичја перспектива, а нејзините аранжмани со храна и способностите да ги меша боите се спектакуларни. Оттука произлегуваат нејзините 111 илјади следбеници на нејзиниот Инстаграм профил.

3-boi-inspiracija-perfekcija-originalni-instagram-profili-koi-mora-vednash-da-gi-sledete-www.kafepauza.mk_

5. @Ascia_akf

Една половина од дуото Ahmad & Ascia е кувајтска трендсетерка од Блискиот Исток. Нејзините Инстаграм фотографии укажуваат на една жена која не се срами од светлите бои и дезени. Таа често претставува скромни преголеми капути и широки панталони. Фотографиите главно се едноставни, оставајќи облеката и нејзината смисла за мода да зборуваат сами за себе.

5-boi-inspiracija-perfekcija-originalni-instagram-profili-koi-mora-vednash-da-gi-zasledite-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар