Блогерка изјавила дека едно од нејзините деца не е популарно колку другите и го разбранувала Интернетот
Кејти Бауер е популарна на Инстаграм благодарение на нејзиниот профил на кој објавува за одгледувањето на нејзините пет деца. Откако изјавила дека едно од нејзините деца не е популарно колку и другите, предизвикала лавина негативни коментари на Интернет.
Кејти изјавила дека од статистичка гледна точка, нејзиниот син Вестон не е популарен на Интернет колку и другите деца. Според Кејти, Вестон не добивал ист број допаѓања и коментари на Инстаграм како нејзините други деца. За оваа „катастрофа“ се обвинила самата себеси.
„Инстаграм никогаш не го сакал моето малечко и тоа ме уби. Не беше популарен како другите. Можеби дел од причината е тоа што фотографиите никогаш не го погодија алгоритамот како што треба. Мојата неефикасност го предизвика овој статистички дефицит, бидејќи очигледно моето малечко треба да ја добие целата љубов.“
Кејти изјавила дека го споделила нејзиното размислување со цел да покаже дека има разлика помеѓу она што го покажувале броевите и она што навистина го чувствувала за нејзините деца.
„Броевите се јавни. Сите можат да ги видат допаѓањата. Како родител, тие броеви не ми значат ништо. Ништо не може да го промени фактот дека сите деца се посебни и уникатни и заслужуваат љубов.“
Кејти исто така кажала дека тоа што е Инстаграм ѕвезда ѝ создава притисок како родител да размислува за нејзините деца во економска смисла.
„За жал, од бизнис страната слушаме: Продолжи да објавуваш содржини што привлекуваат најмногу внимание. Се надевам дека моите постапки ќе покажат дека ќе продолжам да објавувам што сакам без разлика на броевите, како родители ќе треба да ги научите децата дека нивната вредност не е во онлајн признанието и дека нашите реални животи се 1.000% подобри од она што може да го прикаже мала фотографија.“
Во оригиналната објава, Кејти ја имала истата порака. Нагласила дека го споделува размислувањето за популарноста на Вестон за да демонстрира зошто не треба да биде важна. Таа го сакала нејзиниот син без разлика колку допаѓања добивал.
„Го открив ова чувство бидејќи знам дека eден ден ќе ги виде бројките и ќе треба да научи дека неговата вредност не е во онлајн признанието. Ова е тешка лекција за секого и благодарна сум што ја научив. Се надевам дека ќе покажете разбирање и нема да ги извадите нештата од контекст, или да верувате дека ова на каков било начин влијае на мојот однос со децата.“
Сепак, објавата на Кејти предизвикала вистинска лавина од негативни коментари на Инстаграм, Фејсбук и Твитер.
Кејти продолжила да ја брани нејзината објава и зборувала за тоа како нејзиното присуство на Инстаграм ја врзало со животите на нејзините деца. Таа е блогерка со години и ѝ се приклучила на социјалната мрежа кога се родил Вестон.
Кејти има изградено цела кариера објавувајќи фотографии од нејзините деца и признала дека ѝ било тешко да не ја споредува онлајн заинтересираноста со висинската вредност.
„Морав да научам, како и секој друг, дека допаѓањата не покажуваат многу за мене. Јас го одбрав тоа. Бидејќи работам со брендови што можат да ви го кажат спротивното. Читав текстови за тоа како да успеете на Инстаграм што ви го кажуваат спротивното.“
Кејти кажала дека дури и нејзините деца размислуваат за заинтересираноста на Инстаграм и сакала да им даде до знаење дека ги сака без разлика што кажуваат броевите.
„Децата се паметни. Децата знаат дека има допаѓања на фотографиите и во човечката природа е да се споредуваме. За мене, моето созревање значи да ги научам децата дека тоа не е важно. Го сакам. Ништо нема да го промени тоа. Тој е неверојатен.“
Погледнете и како навистина изгледаат фитнес ѕвездите на Инстаграм.