Бизарни закони за возачи ширум светот

Бизарни закони за возачи ширум светот

Во светот постојат многу чудни закони за возачи. Интернационалната бродска компанија за транспорт Barrington Freight составила листа со закони кои ќе ве насмеат, изненадат или шокираат.

Бизарни закони за возачи ширум светот

ЕВРОПА

Данска

Сите дански возачи мораат да ѕирнат под автомобилот пред да седнат на возачкото седиште. Тоа треба да го прават за да проверат дали има човек одоздола.

Кипар

Јадењето или пиењето е сосема недозволиво во Кипар додека возите автомобил. Забрането е дури да се пие и вода додека се вози.

Бизарни закони за возачи ширум светот

Луксембург

Во Луксембург сите возила мораат да имаат бришачи за шофершајбна, дури и ако немаат шофершајбна.

Русија

Во Русија можете да си заработите казна доколку возите валкан автомобил.

Бизарни закони за возачи ширум светот

Германија

Во Германија е нелегално да останете без гориво на автострадата Autobahn.

Шпанија

  • Во Шпанија морате да чувате резервни очила за гледање во автомобилот, дури и ако во моментот носите еден пар на себе.
  • Исто така, во некои шпански градови, колите мора да се паркираат на страната од патот крај куќите кои имаат непарен број, во непарните денови од месецот.

Франција

Возачите на сите моторни возила во Франција мораат со себе да носат апарат за алкотест. Доколку не му го покажете на „џандарот“ кога ќе ве сопре, ќе ви пише казна од 11 евра.

Бизарни закони за возачи ширум светот

СВЕТ

Јапонија

Доколку испрскате пешак со дождовна вода додека поминувате со автомобилот крај него, ќе заработите казна од околу 47 евра.

Сингапур

Во Сингапур противзаконски е возачите да им се приближат на пешаците на растојание помало од 50 метри.

САД

Алабама

Во Алабама е нелегално на возачот да му бидат врзани очите со крпа, додека управува со автомобилот.

Бизарни закони за возачи ширум светот

Алјаска

Во Алјаска е нелегално да заврзете куче на покривот од вашиот автомобил.

Калифорнија

  • Во Калифорнија е нелегално човек да рипне од автомобил, кој се движи со брзина од 100 км/ч.
  • Во Сан Франциско е нелегално да ја полирате или да ја сушите вашата кола со носена долна облека.
  • На женските возачи во Калифорнија им е забрането да возат доколку на себе имаат облечено роба.
  • Во Калифорнија и Тенеси е забрането да пукате во животни од вашиот автомобил, освен ако тоа животно не е кит.

Бизарни закони за возачи ширум светот

Џорџија

Во Маријета, Џорџија е забрането да плукате од автомобил или автобус во движење, но океј е ако го правите тоа од камион.

Илиноис

Во Еванстон, Илионис незаконски е да се преслечувате во автомобил со спуштени завеси, освен во случај на пожар.

Масачусетс

Во Масачусетс ќе ви пишат казна доколку возите горила седната на задното седиште од автомобилот.

Бизарни закони за возачи ширум светот

Минесота

Нелегално е да ги поминете границите на државата, доколку одите или возите со патка качена на вашата глава.

Невада

Во Невада е нелегално да јавате камила на патот.

Мичиген

Доколку ви се расипе колата во Мичиген, имајте предвид дека читањето весник на сред улица, е нелегално.

Охајо

Властите ќе ви пишат казна доколку возите околу градскиот плоштад, повеќе од 100 пати едноподруго.

Оклахома

Се смета за нелегална постапка, доколку читате стрип додека возите автомобил.

Колорадо

Во Денвер, Колорадо е нелегално да се вози црн автомобил во недела.

Бизарни закони за возачи ширум светот

Мисури

Властите во Мисури го направија нелегално свирењето со свирка упатено кон другите возачи на патот.

Пенсилванија

Доколку навечер се возите по селски патишта, на секоја помината милја морате да застанете за да испукате пиротехничка ракета, за да му сигнализирате на добитокот за вашето пристигнување.

Њу Џерси

Во Њу Џерси не е дозволено да му се муртите на полицаец.

Флорида

Казната за удирање пешак со автомобил во Сарасота, Флорида изнесува бизарни 57 евра.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар