Бил Гејтс повеќе не е на 2-то место на листата со најбогатите луѓе во светот
Сите знаеме дека најбогатиот човек на светот е извршниот директор на компанијата Амазон, Џеф Безос. Тој пред некое време успеа да го помине Бил Гејтс и да седне на тронот со богатство кое е проценето на 125 милијарди долари. Бил Гејтс го чуваше второто место подолго, но се спушти на третото откако го надмина францускиот милијардер Бернард Арно.
Извршниот директор на компанијата ЛВМХ, има проценета вредност од над 108 милијарди долари, откако минатата година додаде 39 милијарди долари на своето богатство. Тој сега се наоѓа на втората позиција, на која долго време се наоѓаше Бил Гејтс. Според ажурираната листа, Бил Гејтс сега се наоѓа на третото место, со богатство од околу 107 милијарди долари. Сепак, како што покажуваат извештаите, Гејтс веројатно би бил на првото место доколку не би биле неговите добродушни донации на хуманитарни организации.
Со текот на годините, Арно ја изградил компанијата ЛВМХ и ја претворил во моќна куќа на луксуз, која ги контролира брендовите како Луис Витон, Диор, Живанши и многу други. Амбициозниот 70-годишник, пред некое време се појавил на вестите, бидејќи вети дека ќе донира 224 милиони долари за реконструкција на Богородичната црква во Париз.
Прочитајте ги и овие 9 практични совети од најбогатите луѓе во светот.