Бидете поразлични: Идеални места за патување за време на вашиот меден месец
Кога сите ваши пријатели постојано избираат исти места за патување, бидете поразлични и изберете малку поинакви дестинации кои можете да ги искористите за да го испланирате патувањето за вашиот меден месец. Всушност, тоа е една можност за да го истражувате светот, сега кога имате енергија и доволно време, затоа што многу години подоцна можете да бидете премногу зафатени за да го направите тоа. Ако сте во потрага по дестинации за вашиот меден месец, погледнете ја оваа листа на која другите со сигурност не се сетиле, а вие ќе уживате во вашите заеднички денови.
1. Керфри, Аризона
Препуштете си себеси вистинско уживање и изберете го Керфри во Аризона. Самото негово име – Керфри (Carefree, што значи безгрижно), звучи примамливо, зар не? Тука можете да се чувствувате удобно, да уживате во пешачките патеки, да играте голф, да посетите уникатни продавници и вкусни ресторани во вашите први официјални заеднички денови.
2. Галапагос, Еквадор
Сигурно не сте помислиле на оваа дестинација како можност за да го направите вашето свадбено патување. Но, дефинитивно од сега треба да почнете да размислувате за оваа опција. Тука можете да нуркате, да скијате на вода, но и да се фотографирате со дивите животни. Ова место се смета за едно од најголемите светски богатства затоа што многу животински видови на овој остров се ретки и можат да се најдат само таму.
3. Островот Мејкпис во Австралија
Овој остров е во форма на срце, па, треба ли да се каже нешто повеќе? Тоа е дом на Ричард Бренсон и тука ќе се чувствувате подалеку од сѐ, што е и она што го сакате, зар не? Ова место е многу ексклузивно, но вреди да го посетите, иако престојот таму ќе ве чини илјадници долари на ден, со минимум две ноќи останување. Па, ако ова ви го привлече вашето внимание, почнете да штедете уште сега!
4. Какслаутанен, Финска
Бидејќи хотелите се премногу вообичаени, направете го вашиот меден месец вреден за паметење така што ќе се одлучите да отпатувате на ова место каде што ќе можете да ја гледате поларната светлина, додека сте удобно сместени во крзнени ќебиња.
5. Комплекс Жирафа, Кенија
За ова неверојатно искуство ќе морате да одвоите поголем дел од вашите финансиски средства, а тука ќе имате можност да појадувате со жирафите кои може да ја стават главата преку хотелскиот прозорец. Ова е одлична дестинација за оние кои го сакаат дивиот свет, па со задоволство би уживале со животни, наместо со други луѓе.
Ако планирате зимски меден месец, тогаш погледнете ги следниве совршени дестинации за славење на вашата љубов.