Бидете подготвени: 7 маки кои ве чекаат откако ќе ослабите

Бидете подготвени: 7 маки кои ве чекаат откако ќе ослабите

За многумина слабеењето е тешка задача, која длабоко ја посакуваат. Но, никој не размислува за проблемите кои неизбежно следуваат откако успешно ќе ја остварите оваа задача, особено доколку изгубите многу килограми. Погледнете со кои 7 нешта ќе се соочите доколку ослабите.

Бидете подготвени: 7 маки кои ве чекаат откако ќе ослабите

1. Ќе ви биде постојано ладно

Масните наслаги се природни заштитници од студенилото, па затоа и воопшто не изненадува фактот дека по нивното топење вие ќе станете почувствителни на ниските температури. Бидете подготвени за овој проблем така што со себе постојано ќе носите дополнително парче облека.

2. Сите прстени ќе ви бидат големи

Губењето на тежината може брзо да се почувствува во прстите, така што тие ќе станат потенки и подолги. Токму затоа и постојат големи шанси дека ќе треба да побарате помош од златарите за да не ги изгубите прстените кои постојано ќе ви испаѓаат од прстите.

3. Ќе ви биде потребно време да го најдете соодветниот број на облека

Потрагата по големите броеви може да биде многу стресна, но верувајте, уште потешко е да го најдете соодветниот број откако ќе ослабите. Многу жени не припаѓаат на еден универзален конфекциски број, па затоа треба да купуваат различни за горниот и долниот дел од телото.

4. Очекувајте голем шопинг

По слабеењето, може да се случи дури и омилените чевли да ви испаѓаат од вашите стапала. Да не зборуваме за секојдневните парчиња облека, како маичките и фармерките кои дефинитивно ќе треба да ги промените со цел да не изгледате како да носите вреќи на себе.

5. Луѓето околу вас нема да ја забележуваат промената

Комплиментите од најблиските можат многу да ви помогнат со самодовербата. Но, имајте на ум дека голем број луѓе нема да ја забележат промената на вашето тело ако не слабеете здраво и бавно и ако не носите облека која ги нагласува вашите нови облини.

6. Комплиментите можат да доведат до негативни чувства

Сите сакаат да чујат дека изгледаат добро, но по некое време претераните комплименти или пак, ситуациите во кои некој не ве препознал може да имаат сосема спротивен ефект од посакуваниот. Колку повеќе ве фалат, толку полошо ќе се чувствувате поради вашиот претходен изглед.

7. Новите „пријатели“ ќе ве полудуваат

Ова е чудно, но вистинито. Вашата нова фигура може да привлече одредени личности кои досега ве игнорирале, така што почесто ќе ви се обраќаат и ќе бараат мислења од вас. Бидете свесни за овие нешта и одржувајте пријателски односи со оние кои навистина ве заслужуваат, а не со оние на кои им се важни само површинските нешта во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар