Би се вработиле ли на некое од овие неетички работни места?

Би се вработиле ли на некое од овие неетички работни места?

Финансискиот надомест е најважниот мотив за многумина кога станува збор за изборот на работното место, но секако постои и желба таа работа да има некаква смисла, да помага и да служи некому. Размислувајќи во таа насока, дали би се вработиле на некое од следните работни места?

bi-se-vrabotile-li-na-nekoe-od-ovie-neetichki-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Дизајнер на оружје

Дизајнерот на оружје не убива никого, но измислува нови начини и алатки со кои некој друг може да убива. Програмите за вооружување секогаш се туркаат со „искрени“ идеи за самоодбрана, но знаејќи дека вашата земја може да нападне друга земја и да убива со вашето оружје за да ве „брани“, која е платата за која би ја работеле оваа работа?

Лобист

Лобист е човек кој убедува друг човек дека треба да направи нешто во нечија корист. Можете да лобирате кај донатори да издвојат пари за болните деца, но можете и да лобирате кај властите да донесат определен закон кој ќе ви помогне да направите некои матни работи и да се збогатите на грбот на некој друг. Некои интересни групи вработуваат лобисти за да ги завршат „преговорите“ во нивно име и за нивна сметка.

Папарацо

Работата на папарацото е да ја премине црвената линија на приватноста и пристојноста и да следи и прави фотографии од славни личности. Потоа неговиот весник креира одредена слика во јавноста за некој што заради нив не може да си го живее животот онака како што сака.

Касап на перки од ајкула

Работата на оној кој се бави со оваа работа e да ги исече перките на ајкулата штом биде уловена и додека сè уште е жива да ја врати назад во морето или океанот. Таа потоа бавно умира, претпоставуваме во големи болки и неможност да се движи како што посакува. Ќе мора да се преселите во Азија за да ја работите оваа работа.

Извршител на смртна казна

За да се вработите како извршител на смртна казна ќе мора прво да добиете државјанство од земја каде што таа сè уште е на сила. Ако тоа биде американската држава Флорида, хонорарот за едно извршување на смртна казна чини 150 долари.

Креатор на компјутерски вируси

И сами знаете колку ги мразите кога ќе ви направат лом во компјутерот. Кој и да ги создава, намерите сигурно не му се чесни. Има ли плата за која што би можеле да создавате вируси за некој друг?

Портпарол

Портпаролот, или ПР агентот како што се нарекува во последно време, според зборовите на Рајан Холидеј, кој е еден од нив, е платен да ги лаже медиумите за тие потоа да ги лажат луѓето. Се разбира дека не е лага сè што кажуваат, но секогаш се ангажирани од некого кој сака да си го чува угледот по секој цена.

Производител или трговец со цигари

Знаеме колку се штетни цигарите и колкумина умираат поради болести предизвикани од нив, но тие и понатаму се произведуваат, па дури и некои од најголемите светски компании се токму во оваа индустрија. Затоа привлекуваат и многу талентирани работници кои сакаат да работат таму и покрај неетичката цел на компанијата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар