Би ноќевале ли во хотел на 320 километри над Земјата?

Би ноќевале ли во хотел на 320 километри над Земјата?

Во вселенските станици, животот на астронаутите е сличен како и на Земјата – тие работат, вежбаат, јадат и одмараат. Наскоро и обичните луѓе ќе можат да ја имаат оваа привилегија, но не баш сите.

Би ноќевале ли во хотел на 320 километри над Земјата?

Станицата „Аурора“ е планирано да биде првиот луксузен хотел во вселената, а првата модуларна единица треба да биде лансирана во 2021 година. Првите гости се очекуваат веќе следната година, а ќе бидат придружувани од екипаж од два члена. Платформата ќе се наоѓа на околу 320 километри над Земјата.

Вселенските туристи би имале несекојдневна можност за пат околу планетата за 12 дена, со различни брзини на движење. За време на оваа авантура, тие ќе сведочат на 284 изгрејсонца и зајдисонца. Во една „смена“ може да има најмногу 6 гости.

Иако до неодамна ваквата идеја можеше да биде само фантазија, по „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Virgin Galactic“, оваа замисла веќе може да се реализира.

Би ноќевале ли во хотел на 320 километри над Земјата?

Вселенската мисија „Орион Спан“, која е сопственик на станицата „Аурора“, смета дека со носење туристи во вселената, се достигнува највисоката точка на цивилизацијата. Оттаму изјавиле дека иако ваквиот аранжман не е секојдневна организација, се надеваат дека ќе има луѓе кои ќе сакаат да платат за астрономско искуство во вселената.

Колку би чинело ова? 12-дневен пат низ вселената, со вклучено сместување и пат, би чинело 9,5 милиони долари по лице, односно 791.666 долари за ноќевање, со тоа што како депозит се плаќаат 80.000 долари.

„Орион Спан“ се надеваат дека ќе имаат клиенти, но и компании кои ќе инвестираат во овој проект. Тие уште преговараат со други компании кои би го изведувале летот од Земјата кон вселенскиот хотел. Исто така, пред да се реализира патувањето, туристите ќе бидат примени на тримесечен тренинг и онлајн курс, на кои ќе треба да научат како да се справуваат со условите во вселената.

Би ноќевале ли во хотел на 320 километри над Земјата?

Погледнете ја и оваа неверојатна глетка од вселената.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар