Би го посетиле ли проколнатиот остров Сумбава во Индонезија?

Би го посетиле ли проколнатиот остров Сумбава во Индонезија?

Индонезискиот остров Сумбава денес е познат како рај за сурфери, но пред 200 години тој бил место каде што се случила една од најзастрашувачките природни катастрофи во историјата. Вулканската ерупција која тогаш настанала оставила зад себе многу жртви и ја изменила климата ширум целиот свет.

(1) Би го посетиле ли проколнатиот остров Сумбава во Индонезија?

Доколку ги прашате околните жители, тие ќе ви кажат дека овој остров е проколнат. Некои од нив дури и ќе тврдат дека духот на покојниот крал е сè уште таму, мамејќи ги неговите жители во џунглата со цел никогаш повеќе да не видат дневна светлина. Според приказните, кралот не може да најде мир откако пред 200 години вулканот Тамбора еруптирал и го уништил неговото кралство исполнето со злато и други богатства.

(2) Би го посетиле ли проколнатиот остров Сумбава во Индонезија?

И покрај тоа што присуството на духот е дискутабилно, сепак катастрофалната ерупција е документирана во историјата. По неколкудневни помали земјотреси, Тамбора на 10 април 1815 година еруптирал со полна сила и на тој начин предизвикал една од најсмртоносните ерупции на вулкани досега. Горниот дел од 1.300-метарскиот вулкан експлодирал во целост и десетина илјади луѓе скоро инстантно го изгубиле својот живот под магмата и карпите. Многу од островските села останале закопани под пепел, додека цунамито кое настанало како последица од ерупцијата го разорило брегот. Според претпоставките, тој ден умреле околу 100 илјади луѓе.

(3) Би го посетиле ли проколнатиот остров Сумбава во Индонезија?

Честичките пепел и 400-те милиони тони сулфурни гасови завршиле во атмосферата, ширејќи се ширум светот, а со тоа и менувајќи ја климата. Следната година, 1816, е позната како „годината без лето“ бидејќи темни облаци го скриле Сонцето. Во Европа настанала глад бидејќи жетвата изумрела. Брзо потоа фармерите почнале со масовно преселување кон запад, незнаејќи што го предизвикувало ова влошување на времето. Ниту во Америка, ниту во Азија не разбирале зошто имало толку нагли промени на времето. Тогаш сè уште не постоеле телеграфи, а вестите патувале со месеци.

(4) Би го посетиле ли проколнатиот остров Сумбава во Индонезија?

„Експлозијата се чула 1.500 километри западно од Суматра“, запишал еден британски геолог во 1850 година. Тие кои ја чуле експлозијата во далечините се подготвиле за одбрана, мислејќи дека станува збор за напад со артилерија. „Можеби Тамбора ќе се памети како Помпеј на истокот“, запишал Сигурдсон, еден од геолозите кои во 2004 година го истражувале ова место. Тој со неговите колеги меѓу другото пронашле и јагленосано тело од жена со нож во своите раце и бронзени садови и лонци. Слични нешта можат да бидат забележани и во Помпеј, по ерупцијата на Везув.

(5) Би го посетиле ли проколнатиот остров Сумбава во Индонезија?

И покрај легендите за богатиот крал, денес постојат многу малку докази за неговото постоење. Поголемиот дел од 1,5-те милиони жители на островот живеат од земјоделство и рибарство. Но, сепак туристите редовно го заобиколуваат островот поради лошите гласини. Индонезијците се обидуваат да привлечат повеќе гости така што го опишуваат островот како рај за авантуристи, сурфери, љубители на прекрасни плажи како и место за оние кои сакаат да искусат автентична култура. Па, дали вие би го посетиле Сумбава доколку би имале можност?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар