Безвременски еврејски поговорки кои ни пренесуваат моќни пораки

Безвременски еврејски поговорки кои ни пренесуваат моќни пораки

Секој народ низ историјата остава поговорки по кои ќе биде запаметен и препознатлив. Таков е случајот и со Евреите, чии поговорките со векови наназад се прераскажуваат, цитираат и од колено на колено се пренесуваат на следните генерации. Овие моќни мисли се чуваат како национално богатство и како драгоцени бисери, токму поради мудростите кои ги кријат во себе.

18 безвременски еврејски поговорки

„Тој што нема да го научи своето дете од потта на лицето да заработува за леб, тој одгледува крадец.“

„Тоа што е супата за телото, насмевката е за душата.“

„Од успехот до неуспехот нѐ дели само еден чекор. Од неуспехот до успехот нѐ дели долг пат.“

„Љубовта која се одржува со подароци е секогаш гладна.“

„Ако не бидам подобар, ќе бидам полош.“

„Одговорноста е секогаш на човекот: без разлика дали го направил делото свесно или несвесно, без разлика дали бил буден или спиел.“

„Научете да молчите, за да знаете да зборувате.“

„Тоа што кај паметниот се постигнува со разум, кај будалиот се постигнува со ќотек.“

„Позајмено, во бунар фрлено.“

„Онаму каде што Ѓаволот не може сам, тој таму го испраќа виното.“

„Честа е како млекото. Се валка и од најмалите ситници.“

„Ако носите горчина во срцето, шеќерот во устата нема да ви помогне.“

„Бог нека ве чува од лошите жени, а од добрите чувајте се самите.“

„Да даде Бог да бидете здрави, богати и непознати.“

„Кога изгледа дека нема излез од некоја ситуација, има барем четири.“

„Мудриот човек слуша еден збор, а разбира два.“

„Најсигурен е животот со вистината.“

„Ако сакате да заборавите на работните проблеми, облечете два броја помали чевли.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар