Бездомникот кој ги освои срцата на сите од публиката во шоуто „X Фактор“
26-годишниот Роби Хенс вели дека настапувал од најраните годините. Тој ќе застанел на сред улица и ќе започнел да пее. На прашањето „Каде живееш“ од страна на судиите, тој одговорил дека живее насекаде. „Мојот сегашен статус е дека сум бездомник,“ вели тој. Тој е бездомник веќе 6 години и секоја 3-та или 4-та вечер има можност да преспие кај некој пријател, но останатото време спие на улица. „Отсекогаш сум пеел, мислам дека ништо друго во мојот живот не правам со толку многу страст,“ вели Роби.И покрај трогателната приказна, судиите беа малку скептични за настапот. Но, неговиот талент навистина ги изненади и за само неколку минути успеа да ги освои срцата на сите кои го слушаа. Погледнете го и вие Роби кој посакува со помош на неверојатниот талент да го сврти својот живот во вистинската насока…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.