Без многу труд, лесно и едноставно: Освежете го едноделниот костим за капење со само еден шик детаљ

Без многу труд, лесно и едноставно: Освежете го едноделниот костим за капење со само еден шик детаљ

Дали имате досаден едноделен костим за капење кој веќе сите го виделе? Со помош на овој едноставен туторијал, вие без многу вложување ќе добиете феноменален костим за капење, а сè што ви е потребно се само неколку минути од вашето време. Потоа, сите ќе ве прашуваат каде можат да пронајдат токму таков модел на костим за капење!

1-bez-mnogu-trud-lesno-i-ednostavno-osvezhete-go-ednodelniot-kostim-za-kapenje-so-eden-potpolno-shik-detalj-www.kafepazua.mk_

Потребно ви е:
  • Едноделен и еднобоен костим за капење
  • Компјутер и принтер
  • Термо чувствителна хартија од винил
  • Ножички
  • Селотејп
  • Пегла

2-bez-mnogu-trud-lesno-i-ednostavno-osvezhete-go-ednodelniot-kostim-za-kapenje-so-eden-potpolno-shik-detalj-www.kafepazua.mk_

Начин на изработка:

1, На хартијата отпечатете текст по сопствена желба, водејќи сметка за големината. Исто така, обидете се да ја наместите хартијата во печатачот, така што ќе го отпечатите натписот на сјајната страна.

3-bez-mnogu-trud-lesno-i-ednostavno-osvezhete-go-ednodelniot-kostim-za-kapenje-so-eden-potpolno-shik-detalj-www.kafepazua.mk_

2. Отпечатените букви исечете ги со ножички. Обидете се да бидете што е можно попрецизни. Кога се во прашање големи букви, нема да имате никаков проблем.

4-bez-mnogu-trud-lesno-i-ednostavno-osvezhete-go-ednodelniot-kostim-za-kapenje-so-eden-potpolno-shik-detalj-www.kafepazua.mk_

3. Одлепете го самолепливиот дел, па залепете го на костимот за капење, буква по буква.

5-bez-mnogu-trud-lesno-i-ednostavno-osvezhete-go-ednodelniot-kostim-za-kapenje-so-eden-potpolno-shik-detalj-www.kafepazua.mk_

4. Штом ќе залепите неколку букви, врз нив ставете памучна крпа и преминете со жешка пегла, но внимавајте да не се задржите подолго од две минути. Правете го тоа штом ќе залепите неколку букви, бидејќи доколку почекате додека завршите со сите букви може да се случи да не се залепат убаво.

6-bez-mnogu-trud-lesno-i-ednostavno-osvezhete-go-ednodelniot-kostim-za-kapenje-so-eden-potpolno-shik-detalj-www.kafepazua.mk_

Тоа е тоа, вашиот оригинален, шик и тренди костим за капење е готов!

7-bez-mnogu-trud-lesno-i-ednostavno-osvezhete-go-ednodelniot-kostim-za-kapenje-so-eden-potpolno-shik-detalj-www.kafepazua.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар