Без комплекси: 10 знаци дека целосно го прифаќате и сакате вашето тело
Со годините расте и самодовербата, како и свесноста дека нашето тело е посебно онакво какво што е и дека кон него никогаш не треба да бидете премногу критични. Погледнете ги следниве знаци кои укажуваат на фактот дека го сакате вашето тело и дека воопшто не се грижите доколку имате некој килограм плус…
1. Не се грижите за бројката која ја покажува вашата вага. Вие знаете дека јадете здраво, се чувствувате сјајно и тоа е единственото нешто кое ви е важно.
2. Не го криете телото. Некогаш сте врзувале маица околу струкот со цел да ја скриете големината на задникот и стомакот, но сега гордо го покажувате вашето тело и сте горди на облините.
3. Ги задоволувате своите потреби. На вашето тело му го давате она кое му е потребно, дури и ако тоа се неколку парчиња торта покрај неколку топки сладолед.
4. Не им обрнувате внимание на негативните коментари за вашето тело. Ако некој има проблем со формата на вашето тело, сметате дека тоа е нивен проблем кој воопшто не допира до вас и токму затоа ги игнорирате овие злонамерни критики.
5. Кога поминувате покрај огледалото си давате комплимент. Кога ќе го погледнете свој одраз во огледалото, вие секогаш се насмевнувате.
6. Не се грижите за големината на облеката. И го одбирате она кое најдобро ви стои.
7. Сакате да вежбате, но не го правите тоа за да го промените вашето тело. Вежбате бидејќи поради тоа се чувствувате подобро и поздраво.
8. Не ги слушате советите за тоа која облека одговора на вашата фигура. Кој вели дека не можете да носите посветли бои бидејќи тие наводно правеле да изгледате пошироко?
9. Водите љубов со вклучено светло. Не го исклучувате светлото бидејќи нема од што да се срамите. Зошто би го криеле вашето тело?
10. Не се споредувате со другите жени. Сите жени се различни и секоја е посебна на свој начин, па токму затоа и немате потреба да се споредувате со другите…