Без грижа на совест: Текилата е добра за вашите коски!
Во научна студија објавена во шпанското списание „Investigación y Desarrollo“, наведени се повеќе теории и докази дека растението од кое се произведува текилата може да помогне во одржување на здравјето на коските и да ја подобри апсорпцијата на калциум и магнезиум. Ова истражување го воделе доктори од мексиканскиот Центар за истражување и напредни студии.
Во студијата, тие наведуваат дека соединенијата што ги содржи растението сино агаве, од кое се произведува текилата, не само што помагаат во одржување на коските, туку можат да помогнат и во побрза обнова и зараснување при скршеници. Агавето формира полимерни молекули на фруктозата, наречени фруктани, кои дигестивниот систем не може да ги свари, но кога постојат во организмот, се соединуваат со други соединенија и ензими и се апсорбираат во органите. Исто така, фруктаните стимулираат создавање инкретини, дигестивни ензими благодарение на кои се регулира лачењето на инсулин од панкреасот.
Всушност, фруктаните можат да бидат корисни во борбата против дијабетесот и прекумерната тежина, да го подобрат имунитетот, да ја регулираат цревната флора и да го намалат ризикот од рак на дебело црево. Растението агаве расте на секој чекор во Мексико, што овозможува развој и производство на суплементи кои ги содржат овие фруктани. Во светот на здравата исхрана веќе неколку години постои и сируп од агаве како замена за класичниот шеќер, а истражувањето какви сè придобивки може да имаат фруктаните продолжува и понатаму.
Следен пат, кога пред вас ќе се најде текила, сетете се на оваа студија, бидејќи голем дел од фруктаните го преживуваат и процесот на дестилација, но секако, не претерувајте со количината. Исто така, имајте на ум дека поквалитетните брендови користат чист сируп од агаве во процесот на производство, со што се намалуваат шансите за мамурлак, што не е случај кога во дестилацијата се користи обичен шеќер.
Прочитајте уште и како да ги зајакнете вашите коски без млечни производи.