Без диета и големи ограничувања: Оваа жена изгубила 36 килограми благодарение на мали промени
Битката со тежината не е едноставен процес. Бара многу жртвување и откажувања. Сепак, добрите вести се дека секој може да биде победник во таа битка. Многумина од вас знаат точно за што станува збор затоа што веруваме дека секој се има најдено во ситуација да мора да симне некое кило. Меѓутоа не е воопшто лесно ниту кога треба да се симне едноцифрена бројка. Со цел да ве мотивираме, ви ја пренесуваме приказната на Ренди која извојувала успешна битка со килограмите.
„Одеднаш сфатив дека ситуацијата ќе станува сè полоша и полоша ако не почнам да воведувам промени во мојот живот одма“, објаснува таа.
Ренди Васкез од американската држава Тенеси отсекогаш била „буцкаста“, но тоа никогаш не ѝ влијаело на самодовербата.
„Секогаш се чувствував добро во својата кожа. Не ми беше страв да носам бикини или друга модерна облека. Не бев секогаш задоволна од својот изглед во огледало, но никогаш не дозволив тоа да ме спречува“, раскажува 27-годишната девојка.
Но, после завршувањето со образование Ренди паднала во депресија затоа што не можела да најде работа каква што сакала и ѝ било тешко да се прилагоди. Воглавно, се потпирала на брза храна, а омилени јадења ѝ биле похувано пилешко и вафли. Во една прилика таа и нејзината цимерка посетувале ист ресторан за брза храна дури и по 3 пати на ден, т.е. за појадок, ручек и вечера.
View this post on Instagram
„Станував сè потешка и потешка“, вели Ренди. „Почнав да забележувам дека самодовербата нагло ми паѓа и немав мотивација за ништо. Одеднаш сфатив дека ситуацијата ќе стане полоша доколку одма не почнам да воведувам промени во својот живот.“
Тежината почнала да ѝ смета и кога работела како фотограф за венчавки.
„Се сеќавам дека морав да фотографирам венчавање на планина и требаше брзо да се искачам и да се спуштам по планинската патека. Не можев да го следам парот и многу ми беше непријатно затоа што брзо бев исцрпена“, раскажува таа.
После тоа тргнала во теретана која редовно ја посетувала два пати дневно. После 5 месеци успеала да изгуби 9 килограми благодарение исклучиво на теретаната.
„Телото започна да ми се менува и тоа ми беше најголема мотивација“, вели Ренди.
View this post on Instagram
Девојката исто така почнала да готви голем дел од своите оброци и нејзин избор биле здрави опции. Се придржувала до диети со мало количество јаглехидрати, но не ги исфрлила во целост од исхраната. Не сакала да воведува премногу рестрикции затоа што знаела дека нема да се придржува, па затоа повремено правела мали промени кон здравата исхрана кои на крајот вродиле со плод. Таа изјавила дека најголемата поддршка ѝ биле луѓето од нејзината околина кои исто така воделе битки против килограмите.
View this post on Instagram
Ренди во рок од две години успеала да изгуби дури 36 килограми.
„Намалувањето на тежина ви дава чувство на мотивација во сите области од животот. Можам да трчкам насекаде. Неодамна фотографирав уште едно венчавање и бев насекаде. Повеќе не чувствував дека тежината ме спречува. Не сфаќав колкава пречка ми била таа во животот додека конечно не ослабев“, заклучува Ренди.
Прочитајте ја и оваа инспиративна приказна на жена што тврди дека и во менопаузата можат да се имаат стомачни.