Бесмртни изреки на сите мајки, кои ќе ве насмеат и ќе ве потсетат на вашето детство
Речиси не постои дете кое во своето детство не слушнало некоја навредлива реченица од неговата мајка и тогаш низ умот му поминувале илјадници мисли. Но, сега оние кои и самите се родители сфаќаат дека тоа е еден вид израз на љубов и грижа. Во продолжение погледнете некои од тие изреки изговорени од страна на мајките, од кои повеќето сигурно сте ги слушнале, а можеби веќе и применувате некои од нив.
1. Ќе сфатиш кога ќе пораснеш!
2. Облечи ги чевлите, ќе настинеш преку нозете!
3. Облечи маица, гол ти е грбот, ќе ти се разболат бубрезите!
4. Сто пати сум ти рекла да не се лулаш на столот.
5. Таму каде што ги фрли, таму барај ги.
6. Завршив со училиште пред 20 години и ден денес ја паметам таблицата за множење.
7. Јас кога бев на твои години…
8. Не ме интересираат другите деца, туку ти!
9. Затоа што јас така кажувам, ете затоа!
10. Гледај ме во очи додека ти зборувам!
11. Гледаш ли ти колку е часот?
12. Кој кого родил, јас тебе или ти мене?
13. Ќе си го добиеш своето кога ќе стигнеме дома.
14. Затвори ја вратата, не си роден на брод.
15. Ист/а си како татко ти…
16. Ќе разбереш кога ќе дојдеш на мои години.
17. Еден ден и ти ќе имаш деца, па ќе видиш!
18. Додека ти купувам јас, ќе се облекуваш така. Ако сакаш да ја следиш модата, оди заработувај свои пари.
19. Да не сум те слушнала да кажеш „не сакам“!
20. Твојата единствена обврска е да учиш.
21. Намали ја музиката! Да не ти дојдам јас во собата да ја намалам!
22. Внимавај како зборуваш со мене.
23. Паметот во глава!
24. Ќе се сетиш ти на моите зборови…
25. Имаш ли ти куќа?
26. Додека си под мој покрив…
27. За една секунда да се нацрташ пред мене!
28. Заработи, па троши!
29. Не излегувај со мокра коса, ќе добиеш воспаление на мозокот.
30. Додека се мали пијат млеко, а кога ќе пораснат, пијат крв.
31. Ќе ми платиш ти мене за ова!
32. Мама е секогаш во право!
33. Тргни се од пред екранот, татко ти не е стаклар.
34. Не се смеј толку, зашто ќе плачеш!
35. Влегувај дома, да не слезам јас!
36. Ако сите скокнат во бунар, ќе скокнеш ли и ти?
37. На кој зборувам јас, на тебе или на ѕидот?
38. Ех да го имам овој памет и твоите години…
39. Не трескај ги вратите!
40. Што гледаш како теле во шарена врата?
Разубавете си го викендот и погледнете ги и овие детски бисери за нивните мајки, кои слатко ќе ве изнасмеат.