Бесценета реакција на маж кој дознава дека ќе стане татко по третпат
Бетани Роуз е млада жена која успешно го води својот блог Waves and Liliacs, катче каде што редовно ги споделува своите животни искуства како сопруга и мајка. Таа и нејзиниот сопруг Џејк се среќни родители на две деца, синот Емет и ќерката Хедли. Бетани неодамна дознала дека нивното семејство ќе се прошири за уште еден член, па смислила интересен начин како да му ја соопшти оваа убава вест на Џејк.
На табла напишала „Немам идеја што пишува на оваа табла. Ќе имаме уште едно бебе.“ и му ја дала на Џејк да ја држи. Секако, без тој да прочита што пишува на неа. За да го овековечи овој момент, таа направила неколку фотографии додека тој ја чита пораката. Неговата реакција е бесценета!
Погледнете го и овој овој маж кој со својата 8-годишна ќерка споделува како да станете најдобриот татко.