Бемките на десната рака укажуваат на опасност од меланом

Бемките на десната рака укажуваат на опасност од меланом

Бемките најчесто се сметаат како знак на убавина и даваат еден посебен шарм кај жените и мажите. Иако, навидум овие мали кафени или црни точки најчесто изгледаат сосема безопасно, треба да бидеме многу внимателни со нив и редовно да ги проверуваме, особено оние поголемите.

(1) Бемките на десната рака укажуваат на опасност од меланом

Едно истражување објавено во списанието „British Journal of Dermatology“ открива дека луѓето кои на десната рака имаат 11 или повеќе бемки се соочуваат со поголем ризик од појава на рак на кожата. Научниците најпрвин испитувале 3.594 близнаци, а потоа поголема група мажи и жени.

Кај сите нив било проверено колку бемки имаат на 17 различни делови по телото. Резултатите покажале дека кај жените со повеќе од седум бемки на десната рака постојат девет пати поголеми шанси по телото да имаат над 50 бемки, додека мажите со повеќе од 11 бемки на десната рака имале 100 бемки по целото тело. Други делови од телата кои се истакнале како можен показател за зголемен ризик од појава на меланом се делот над десниот лакот, нозете, како и грбот, кај мажите.

Научниците посочуваат дека луѓето со поголем број бемки се изложени на поголем ризик за заболување од рак на кожата и поради тоа треба редовно да ги прегледуваат бемките, особено доколку се забележат одредени промени, како асиметрија, истекување крв, нагло растење и болка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар