Барби доби пореалистичен изглед со 3 нови видови тело и 7 бои на кожа

Барби доби пореалистичен изглед со 3 нови видови тело и 7 бои на кожа

Барби, иконската кукла која секое девојче ја посакува и која постојано е осудувана поради невозможните телесни пропорции, од денес па наваму ќе изгледа многу пореалистично. Компанијата Мател објави дека Барби отсега ќе се продава во три нови телесни форми: „ситна“, „висока“ и „со облини“. Таа исто така ќе има и 7 нови бои на кожата, со што ќе има поголем избор на етнички припадности и раси.

Барби доби нов и пореалистичен изглед со 3 нови видови тело и 7 бои на кожа

„Со воведувањето на поголема разноликост во линијата, Барби им нуди на девојчињата избор кој подобро го рефлектира денешниот свет. Новата колекција „Barbie Fashionistas“ вклучува 4 облици на тело, 7 бои на кожата, 18 бои на очите, 18 фризури и безброј нови модни комбинации и додатоци“, велат од компанијата Мател.

И покрај тоа што е само играчка, Барби стана една културолошка појава која е синоним за погрешниот и нереалистичен приказ на женското тело и вештачката, лажна убавина која со години го измачуваше маркетинг тимот на Мател.

Барби доби нов и пореалистичен изглед со 3 нови видови тело и 7 бои на кожа

Куклата дебитираше на пазарот во 1959 година како девојка од Калифорнија со приближно совршени пропорции, која го сака спортот и ги обожава плажите. Но, низ годините Барби се претвори во една идеализирана и гламурозна амазонка со мала половина која секогаш носи високи потпетици и токму поради тоа е и честа тема на академските тези за феминизмот и прифаќање на телото. Поради изразениот критицизам, компанијата Мател веќе неколку пати се обидела да ја направи Барби со посилен или барем поопширен портрет на женственоста, создавајќи ги моделите „Барби претседателка“, „Барби научник“ и Барби бизнис жена.

Но, најновата промена во нејзиниот изглед е дефинитивно најдобрата досега, овозможувајќи им на најмалите девојчиња да учат од мали години дека жените доаѓаат во различни големини и форми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар