Бамбус или памук: Кој материјал е подобар за животната средина?

Бамбус или памук: Кој материјал е подобар за животната средина?

Се одлучивте за етичко и одржливо купување и затоа сакате да ги одбегнете производите кои претставуваат потенцијална опасност по животната средина? Сепак, кога треба да избирате меѓу производи од памук и бамбус, ве мачи прашањето кој е поодржлив и подобар материјал? Ние ќе се обидеме да ви го дадеме одговорот!

Бамбус или памук: Кој материјал е подобар за животната средина?

На што се должи одржливоста на материјалот?

Според најновите истражувања направени во Велика Британија, околу 350.000 тони користена облека завршува на депониите секоја година. Самиот овој податок ни кажува дека производството, употребата и фрлањето облека сериозно влијаат врз животната средина.

Затоа, голем дел од модните брендови се насочени кон користење материјали од природни, обновливи извори кои имаат минимално влијание врз животната средина. Одржливите ткаенини се дизајнирани да траат со години, но и да можат да се рециклираат.

На што се должи одржливоста на бамбусот?

Кога ќе помислиме на бамбусот, најверојатно првото нешто што ни паѓа на ум се пандите. Сепак, освен како храна за овие животни, бамбусот веќе подолго време се употребува и како одлична замена за пластиката и другите небиоразградливи материјали, почнувајќи од производство на четки за заби до тоалетна хартија. Бамбусот е растение за чие производство не се потребни пестициди и ѓубрива и преставува силен и цврст материјал поради што е одлична опција за производство на мебел.

Сепак, сè уште постојат прашалници во поглед на тоа колку се етички производството и примената на бамбусот во индустријата. Со оглед на тоа дека поголемиот дел од бамбус се набавува од Кина, а потоа се испраќа во целиот свет, растојанието што треба да го помине производот во голема мера влијае врз средината преку неговиот јаглероден отпечаток. Згора на тоа, за да се претвори грубиот материјал во фина, мека ткаенина, потребен е сложен, хемиски процес.

На што се должи одржливоста на памукот?

Лесен за носење, памукот ни е еден од омилените материјали, особено за време на летото. За разлика од синтетичките влакна како вискоза и полиестер, памукот е целосно природно и биоразградливо влакно. Но, и кај памукот постојат прашалници во поглед на етичкото производство. Одгледувањето памук бара значителна употреба на пестициди и токсични хемикалии кои навлегуваат во почвата и резервите со вода. Во процесот на производство се троши и значително количество вода – за производство на едноставна бела маица и пар фармерки се трошат околу 20.000 литри вода!

Бамбус или памук?

И бамбусот и памукот имаат добри и лоши страни кога станува збор за одржливоста. Сепак, се чини дека бамбусот е етички поодржлив материјал во споредба со памукот. Освен тоа, бамбусовата ткаенина е многу поевтина за производство за разлика од памучната. Но, бамбусовите производи не се толку достапни како памучните…

Откако прочитавте за особеностите на бамбусот и памукот како одржливи материјали, можеби ќе сакате да прочитате и нешто повеќе за „најзелената“ зграда во светот.

Извор: myimperfectlife.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар