Бакјовити дестинации за луѓето кои сакаат да избегаат од градскиот метеж
Секој си има различна замисла за тоа како е да се живее на село. Нашите очекувања за овој начин на живот можат да се исполнат бидејќи има многу различни места во светот. Но она што им е заедничко на сите е чистиот воздух, малата густина на население и удобната атмосфера. Погледнете ги овие неверојатни села од целиот свет кои ќе ве остават без зборови.
1. Халштат, Австрија
Помеѓу планините ќе пронајдете прекрасни куќи опкружени со езеро што е дом на лебеди и во кое се рефлектираат Алпите. Во Халштат живеат околу 1.000 луѓе, а неговата локација е навистина уникатна.
2. Селото Виножито, Тајчунг, Тајван
На периферијата на Тајчунг имало воена населба која со текот на времето била напуштена. Властите одлучиле да ги рушат куќите, но 86-годишен воен ветеран ги обоил нивните ѕидови со разни дезени за да ја зачува својата куќа. Денес, ова е една од најпосетените туристички дестинации во Тајван.
3. Пловечките острови на езерото Титикака, Боливија, Перу
На границата помеѓу Перу и Боливија, на езерото Титикака, живее племе наречено Уру. Племето живее на 42 острови во езерото. Овие острови се изградени од страна на луѓето од истиот материјал кој го користат за своите рибарски бродови. И покрај тоа што се далеку од цивилизацијата, тие имаат сончеви колектори, па дури и телевизија.
4. Албероберо, Италија
Албероберо е познат по комплексот градби признати од УНЕСКО како дел од историското наследство. Овие градби се куќи направени од варовник и се уникатен пример за камени градби. Самото име на градбите, трули, доаѓа од латинскиот збор „trulla“ што значи купола.
5. Учисар, Турција
Постојат многу села во оваа област, но Учисар е најнаселено. Најголемиот дел од населението живее во село кое изгледа навистина модерно и е сместено веднаш до ова природно чудо. Сепак, некои луѓе сè уште живеат во познатите камења. Уникатното село е неверојатно и поради својот изглед, но и поради погледот кој го има од врвот на карпите.
Продолжува на следната страница…