Бајки какви што не сте виделе досега - Part 3

Бајки какви што не сте виделе досега

Златна мрежа

(10)-bajki-kakvi-shto-ne-ste-videle-dosega-kafepauza.mk

Во старата народна приказна за рибарот и златната рипка, еден човек уловува рипка која му ветува дека ќе му исполни три желби ако ја пушти, но тој одбива да посака што било. Кога неговата жена дознава за ова, таа ја замолува рипката да ѝ даде многу богатства и моќ. Но златната рипка, гневна поради алчноста на жената, ги праќа и неа и рибарот да живеат во сиромаштија, правејќи го само мажот среќен бидејќи тој и така не барал ништо за себе.

Петрушка

(11)-bajki-kakvi-shto-ne-ste-videle-dosega-kafepauza.mk

Петрушка, палјачо, е главниот смешен лик во руските куклени претстави. Со по само 4 прсти на секоја рака и дијаболичната гримаса, Петрушка е алегорија за отуѓувањето на модерното општество со неговите лажни насмевки, немањето срце и негативните емоции.

Иван будалата

(12)-bajki-kakvi-shto-ne-ste-videle-dosega-kafepauza.mk

Во Словенската култура, Иван будалата, или како што е познат во Русија, Иван-дурак, може да зборува со природата, шумата, ветрот и животните, што му доаѓа многу од помош кога му е навистина потребно. Иако е наречен будала, Иван на крајот се вљубува во прекрасна божица, живее во замок и има доволно храна за целиот свет благодарение на тоа што ја слушал природата. Коренот на зборот дурак се состои од зборовите „ду“, некој кој следи и „ра“, паганскиот бог на Сонцето, па самото значење е визионер.

Кокошката Рајаба

(13)-bajki-kakvi-shto-ne-ste-videle-dosega-kafepauza.mk

Ова е веројатно првата приказна која секое дете во Русија ја слуша. Во неа се зборува за еден стар брачен пар и нивната кокошка која несе златни јајца, но и покрај тоа, тие не се среќни. На сликата се гледа маса полна со златни лушпи од јајца и тажната Рајаба во човечка форма.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар