Бајки какви што не сте виделе досега
Млечната река и безгрижниот живот
Скриената и магична земја на убавината во бајките од словенската култура е полна со реки од млеко. Се верува дека таму се кријат прекрасни заспани божици кои, секој што некако ќе влезе таму, го претвораат во молец, затвореник на сопствената привлечност кон светлина.
Душата на шумата
Словенските пагани ги обожавале природните богови. Хероите од руските бајки знаеле често да зборуваат со шумата и да ја молат за помош, верувајќи дека таа има душа. Оваа слика ја претставува душата на шумата.
Седумте браќа и мртвата божица
Во руската верзија на Снежана и седумте џуџиња, „џуџињата“ се всушност згодни и високи мажи – браќа кои живеат во шумата и ја штитат мртвата божица.
Скарлетовото цвеќе
Оваа слика е базирана на руска народна приказна за еден млад човек кој е маѓепсан во ѕвер и за млада девица која ја поништува магијата со нејзината искрена љубов – станува збор за само уште една верзија на Убавицата и ѕверот. Оваа интерпретација илустрира борба, љубов и романтизам, како и стравот од тоа да не се биде сфатен.