Азиските деца се најздрави на планетата: Еве зошто!

Азиските деца се најздрави на планетата: Еве зошто!

Овие методи, кои се применуваат во азиските земји, лесно може да се применат и кај нас за да се зачува здравјето на децата.

Азиските деца се најздрави на планетата: Еве зошто!

1. Ги спречуваат децата да читаат одблизу

Во Кина има специјални држачи кои ги спречуваат децата да бидат преблизу до книгата и со тоа да читаат од безбедно растојание. Овие држачи значително ја подобруваат положбата на телото додека седат.

Азиските деца се најздрави на планетата: Еве зошто!

 

2. Вежба за очите

Во Кина, учениците во основно и средно училиште се упатуваат на вежби за очи кои имаат за цел подобрување на циркулацијата на крвта и релаксација на мускулите на очите. Вежбите се состојат од 6 сесии кои вклучуваат масажи на пределот околу очите и обично се прават двапати на ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mermermer🎈🎈 (@zzzmermerzzz) on

3. Испитите се полагаат надвор

Повеќето писмени испити се спроведуваат надвор. Од оваа практика има 2 придобивки: го спречува препишувањето, бидејќи студентите се многу далеку едни од други додека седат, а да не зборуваме за здравствените придобивки. Сонцето и свежиот воздух дополнително го намалуваат стресот поради испитите.

4. Децата носат хируршки маски цело време

Во Јапонија, основна култура е човекот кој има вирус или е алергичен на полен, прашина и сл. да носи маска во јавност. Со тоа го спречуваат вирусот да се шири наоколу и ја намалуваат можноста за зарази на другите околу себе.

 5. Часови во живо

Ако времето е нестабилно, часовите се изведуваат преку Интернет. Од удобноста на нивниот дом, децата ги следат лекциите во живо, додека се максимално заштитени од поплави, пожари, снег и други непогоди.

6. Мали порции здрава храна

Во Јапонија, училиштата им служат на учениците оброци со намалена количина, главно со голем број на продукти како оризот, зеленчукот и месото. Не постои главен оброк, како кај нас. Во Јапонија, сè е насочено кон локалното производство, па и храната е од локалните пазари.

7. Се ценат активностите на отворено

Кампувањата и секаквите други видови активности на отворено се пожелни. Азиските земји веруваат дека децата и возрасните треба да бидат што е можно подолго на отворено за да им се подобри менталното здравје.

8. Пешачењето е пожелно

Децата повеќе пешачат до училиште отколку што користат јавен превоз. Се повеќе Азијци инсталираат аликации за броење на чекорите и пешачат што е можно повеќе. Тоа е единствената форма на рекреација и луѓето го искористуваат максимумот.

9. Борбата против зависноста од Интернет е важна

Децата редовно се следат за навремено да се спречи зависноста од Интернет и од игри. Оние на возраст под 16 години се спречени да сурфаат на Интернет по полноќ со закон.

10. Децата имаат одговорности

Во Јапонија децата имаат обврски кои редовно и добро ги исполнуваат. Така учат да се грижат за себе.

Можеби сакате да прочитате и 10-те совети што вредат злато кои треба да им ги кажете на децата пред да тргнат во училиште.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар