Автомобил со медитерански шмек за крајбрежно возачко уживање
Volkswagen Italdesign Up! Azzurra Sailing Team е автомобил со медитерански шмек создаден за крајбрежно возачко уживање под летното сонце. Тој претставува досега невиден спој на германски автомобил и италијанска јахта. Автентичниот дизајн е дело на двајцата легендарни дизајнери Џорџето Џуџаро и Валтер да Силва, кои и самите израснале во крајбрежни гратчиња, па не им било тешко тоа да го имплементираат во дизајнот на овој автомобил.Italdesign Up! Azzurra Sailing Team е мал еколошки автомобил без врати и без покрив, кој е совршен за некој што живее покрај море, каде што времето е топло, а има и ветрови. Дозволува патниците да уживаат во летното возење чувствувајќи го ветрот во косата, давајќи им чувство дека се возат на брод. Во тоа секако придонесува и неговата внатрешност, составена од луксузни материјали кои потсетуваат на јахта со тоа што не пропуштаат вода. Седиштата се изработени од кожа во бела и сина боја, контролната табла е од махагон, наместо врати од страните има по една јаворова препрека за безбедност, а сите дрвени површини се покриени со слој од синтетичка смола.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
преслатко е количево! а колку кошта?…сигурно многу…