Автомобил на иднината од Хонда
ЕВ-СТЕР е реакцијата на Хонда на сè поголемата свест за проблемите со чистата животна средина. Тоа е мал електричен автомобил со футуристички спортски дизајн. Неговите перформанси не се толку импресивни како кај спортските автомобили чии мотори се придвижени од фосилни горива, но не е ни наменет за нив.Овој спортски модел всушност е двосед со конвертибилен покрив. Возењето е лесно, погодно за урбани средини каде што сообраќајниот метеж е голем. Внатрешноста е опремена со многу електронски уреди кои на возачот му даваат разни информации во врска со возењето, а можно е и приклучување на интернет.
ЕВ-СТЕР засега е само концепт, не се произведува, па не е позната ниту неговата цена.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.