Австриски замок во кој стотици сиромашни луѓе биле осудени на смрт без причина

Австриски замок во кој стотици сиромашни луѓе биле осудени на смрт без причина

Сите го нарекуваат „замокот на вештерките“, а се вика Мушам. Во 17-тиот век, во Австрија се одвивал лов на вештерки, а помеѓу 1675 и 1690 година, низ целиот регион биле одржани многубројни испитувања наречени „Волшебникот Џекл“. Тоа судење било едно од најголемите и најпознатите во Австрија и довело до смртни казни за дури 139 лица.

Австриски замок во кој стотици сиромашни луѓе биле осудени на смрт без причина

На овие судења, повеќето од обвинетите биле мажи. Ова се тажни приказни и сведоштва за сиромаштијата на обичните луѓе, но во тоа време немало милост за нив. Зошто го споменуваме тоа? Бидејќи ваквите судења се одржуваа точно помеѓу sидовите на овој замок (во тоа време Мушам било административен центар на регионот). Сè започнало во 1675 година со судењето на Барбара Колерин, која признала дека нејзиниот син Пол склучил пакт со ѓаволот. Таа била осудена на смрт и така започнала потрагата по нејзиниот син, кој остана популарно познат како волшебникот Џекл.

Австриски замок во кој стотици сиромашни луѓе биле осудени на смрт без причина

Наскоро едно момчето било фатено и потврдило дека неодамна се сретнало со Џекл и дека тој станал водач на детски и тинејџерски банди. Тоа биле сиромашни деца кои молеле сè додека тој не ги научил на црна магија. Џекл никогаш не бил пронајден, но за време на многубројните судења, преку сведочењата на уапсените, се родил митот за овој суров волшебник. Тој е претставен како безмилосен убиец кој има способност да комуницира со глувци и стаорци, а исто така може да стане невидлив. Повеќе од половина од обвинетите осудени на смрт биле деца и тинејџери, а скоро сите биле питачи.

Замокот бил оставен на заборав на крајот на 18-тиот век, сè додека во 1886 година еден истражувач го пронашол и решил да го купи. До денес, замокот остана во приватна сопственост, но еден дел бил распореден во уметничка галерија и отворен за јавноста. Покрај галеријата, можно е да се види што сè уште останува врежано во меморијата на народот – зандана за тортура.

Австриски замок во кој стотици сиромашни луѓе биле осудени на смрт без причина

Прочитајте и за овој морничав град полн со стари монети од кој никој не смеел да излезе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар