Атеистите ќе ги надбројат верниците до 2038 година

Атеистите ќе ги надбројат верниците до 2038 година

Во текот на целата историја на човекот, луѓето постојано верувале во некаква виша сила. Религијата е важен дел од човештвото и неговото постоење, но најновите истражувања покажале дека атеизмот ќе ја надвладее религијата во иднина.

Атеистите ќе ги надбројат верниците до 2038 година

Уште од самите почетоци, религијата владеела со светот и била главниот причинител на многу војни. Религијата отсекогаш заземала голем дел од животот на човекот, но бројот на верниците постепено се намалува со текот на времето. Многу луѓе почнуваат да „ѝ го вртат грбот“ на вишата сила и наместо тоа, почнуваат да вложуваат во себе и во својата повисока свест. Многумина медитираат, ја вежбаат својата свесност, а тоа произлегува од промовирањето на улогата на свеста. Освен тоа, сѐ повеќе луѓе се откажуваат од религијата.

Истражувањата покажале дека атеизмот ќе ја порази религијата до 2038 година. Исто така, резултатите откриле дека во земјите со различни верски убедувања, како што се Канада и Франција, владеат моралот, вербата во општеството, економската еднаквост и имаат пониски криминални стапки за разлика од државите со многу религиозни луѓе.

Постојат многу различни аргументи кои објаснуваат зошто луѓето стануваат помалку религиозни. Некои веруваат дека тоа се случува, зашто и мажите и жените градат кариери наместо да чуваат деца, па нема кому да му се пренесат религиозните верувања. Постојат и луѓе кои веруваат во Господ, но не се многу религиозни. Во секој случај, од нејасни причини, атеистите се на добар пат да завладеат со светот и да ги надбројат верниците.

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте го мислењето на генијалниот Ајнштајн и дознајте дали научниците се молат на Бога.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар