Археолозите пронашле сирење старо 2600 години во египетските гробници!

Археолозите пронашле сирење старо 2600 години во египетските гробници!

Проучувањето на гробовите на античките луѓе се вистинско богатство за археолозите бидејќи не само што им даваат вредни информации за погребните традиции кои се практикувале во минатото туку и даваат увид во тоа како се хранеле луѓето.

Археолозите пронашле сирење старо 2600 години во египетските гробници!

Во случајот со древните Египќани, археолозите честопати наоѓаат траги од храна во садовите подготвени за покојникот кои би му послужиле за задгробниот живот.

Истражувачите од египетското Министерство за туризам и антиквитети пронашле сирење старо 2600 години што многу наликува на денешното сирење. Освен сирење откриени се и предмети со натписи со демотско писмо – варијанта на хиероглифското писмо – кои припаѓаат на 26-та и 27-та династија.

Имено, сирењето наликува на сирењето халуми кое потекнува од Кипар и традиционално се приготвува со козјо и овчо млеко. Сепак, овој вид сирење не е најстарото сирење кое што е откриено во египетските гробници. Во 2008 година египетските археолози пронашле сирење старо 3200 години во гробницата на еден висок египетски функционер по име Птахмес.

Откако прочитавте за ова археолошко откритие, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те нерешени мистерии од древен Египет.

Извор: nationalgeographic.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар