Античка поучна приказна: Која е разликата помеѓу љубовта и бракот?
Дали знаете да препознаете љубов и дали сметате дека таа е неопходна за одржување на бракот? Погледнете како овие две нешта се доживувале во античко време преку една необична поучна приказна. Но, тоа што е најинтересно кај неа е фактот што оваа приказна важи и за денешните модерни времиња…
Еден ден, Платон го прашал својот учител:
„Што е љубов? Како можам да ја пронајдам?“
Учителот му одговорил:
„Пред тебе има огромно поле со пченица. Тргни напред и не се врти назад, а во текот на својот пат одбери само едно стебло. Ако го пронајдеш најубавото стебло, тогаш си ја пронашол и љубовта.“
Платон тргнал напред и брзо се вратил назад со празни раце. Учителот го прашал:
„Зошто не си земал ниту едно стебло?“
Платон одговорил:
„Затоа што можев да поминам само еднаш и не можев да се вратам назад. Јас го пронајдов најубавото стебло, но не знаев дали има подобри пред мене, па токму затоа и не го откинав. Како што се движев напред, увидов дека стеблата не се толку добри како претходното, така што на крај не избрав ниту едно.“
На тоа учителот му рекол:
„Е, тоа е љубов.“
Следниот дел Платон му поставил ново прашање на својот учител:
„Што е брак? Како можам да го пронајдам?“
Учителот му одговорил:
„Пред тебе има бујна шума. Тргни напред, не се врти назад и одбери само едно дрво. Ако го најдеш највисокото и најбујното дрво, ти си го нашол и бракот.“
Платон тргнал напред и по кратко време се вратил со дрво. Тоа не било ниту бујно, ниту високо, туку само едно обично дрво. Учителот го прашал:
„Зошто си одбрал толку обично дрво?“
Платон одговорил:
„Поради моето претходно искуство. Стигнав до половина шума и кога го видов ова дрво помислив дека не е толку лошо, па го пресеков и го донесов тука. Не сакав да ја пропуштам шансата.“
Учителот тогаш му рекол:
„Е, тоа е брак.“