Анксиозноста може да биде знак на висока интелигенција

Анксиозноста може да биде знак на висока интелигенција

Најчесто гледаме на анксиозноста како на нешто негативно – оној страшен облак околу нашите глави кои нè одржува постојано загрижени, дури и во оние моменти кога не сме точно сигурни што е изворот на нашите грижи. Но, изгледа дека постои една позитивна страна кај проблемите кои произлегуваат од анксиозноста. Според една неодамнешна студија во журналот „Personality and Individual Difference“ вие имате повисока интелигенција, на некој начин, доколку имате тенденција да се грижите за сè.

Анксиозноста може да биде знак на висока интелигенција

Еден тим од истражувачи, водени од Александар Пени од Универзитетот Лејкхед во Онтарио, им задале низа тестови на 126 студенти кои мереле најразлични аспекти на личноста, како анксиозноста, вербалната интелигенција, социјалната фобија, опсесијата со настани од минатото, анксиозност поврзана со тестирања, невербалната интелигенција и многу други…

Вербалната интелигенција се однесува на резонирање базирано врз јазикот, додека пак невербалната интелигенција вклучува визуелно резонирање.

Пени и неговиот тим откриле дека учесниците кои пријавиле поголеми грижи (на пример, се согласиле со тврдењата како „Често се грижам за нешто“) постигнале повисоки резултати и на тестот за вербална интелигенција. Но, оние кои покажале тенденција кон опсесија со настани од минатото, покажале понизок скор на тестовите за невербална интелигенција.

Ако добро размислите, овие откритија имаат логика. Вербално интелигентните луѓе имаат поголема тенденција да се насочат кон оние нешта кои ги виделе и научиле во минатото со цел да најдат соодветно решение за проблемот кој го имаат во сегашноста, додека пак, оние кои имаат повисока невербална интелигенција ги користат оние нешта кои ги учат во моментот кога се појавил проблемот додека ги набљудуваат другите луѓе и нивните реакции на таа ситуација.

Студијата била многу мала и клинички незначајна, но тоа не значи дека резултатите не ни покажуваат сосема нова димензија на грижите. И покрај тоа што е потребно дополнително истражување, изгледа дека можеме нешто да научиме. Не треба постојано да живееме во минатото, но понекогаш е добро да се навратиме на него со цел да направиме помудри одлуки во сегашноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар