Англиско село „расте“ по 2 сантиметри годишно
Девоншаер, Англија, добива многу посетители секоја година. Причината е што ова место е полно со карпи, средновековни градови и национални паркови. Но покрај туристичките атракции, има уште една причина за посетување – селото расте 2 сантиметри годишно, а научниците не знаат зошто.
Научниците од Универзитетот Нотингхем биле првите кои ја забележале оваа топографска промена. Помеѓу 2015-та и 2017-та, тие споиле сателитски снимки и ја направиле првата мапа на ниво на држава за движењето на земјиштето во Англија.
Подигнување на земјиштето обично се забележува на места каде што се копало руда. Кога се гасат пумпите, водата постепено се враќа во земјата и ја подигнува. Но, во тој дел немало никакви рудници во минатото, ниту па сега.
„Најверојатно нема никаква структурна штета, но загрижувачки е што низ тој дел поминува автопат“, изјавил еден од научниците.
Подигнатото место има форма на елипса и е широко околу 2 километри. Експертите сметаат дека одговорот на оваа мистерија се крие длабоко под земја бидејќи и полињата и урбаните делови се подигнуваат заедно. Можно е подигнувањето да е предизвикано од празнење или некаков доток.
„Навистина е големо, целиот град се мрда. Мислам дека властите мора да се симнат доле и да истражат што се случува. Ако е течност или некој отпад, тоа може да биде и закана за околината. Ако ова не е природен феномен, треба да се открие што се случува под земјата и која е причината.“
Со помош на мапата која ги прикажува топографските промени во Велика Британија истражувачите можат подобро да разберат какво е влијанието на разните процеси врз пејзажот на Англија.
„Покрај тоа што ни дава детални информации за изучување на индивидуалните механизми на овие процеси, мапата ни овозможува да идентификуваме и разни потенцијални ризици кои можат да имаат влијание на инфраструктурата, општеството и околината“, изјавуваат од Универзитетот Нотингхем.
Погледнете и некои од најживописните села во светот.