Англиски град стана првиот што користи палмино масло само од одржливи извори
Палминото масло е состојка што се користи за илјадници продукти што ги користиме секојдневно. Но, неговото производство е неодговорно и околината и другите видови живот на планетата ја плаќаат цената. За да се спречи дополнителното страдање, еден град со 77.000 жители во Европа се согласил да го елиминира палминото масло кое не доаѓа од одржливи извори. Како резултат, Честер е сега првиот град во светот што користи само „одржливо“ палмино масло.
Малиот европски град е првиот во светот кој ги добива сите продукти од одржливо палмино масло. Ова е навистина голем чекор, бидејќи зеленчуковите масла се користат во многу продукти – од храна, па сè до козметика и продукти за чистење. За иницијативата, над 50 училишта, бизниси и ресторани ги промениле нивните синџири за набавка. Сега секоја установа добива производи од палмино масло добиено од 100% одржливи извори.
Градот е можеби најпознат по неговата зоолошка. Наводно, зоолошката развила цел модел на град што користи палмино масло од одржливи извори. Кампањата добила многу поддршка од организациите за дивиот свет и групите за заштита. Покрај тоа, ова било инспирација и другите градови да преземат слични мерки.
„Ова е голем момент во борбата за спасување на орангутаните и други животни од истребување. Голем број видови се под закана од исчезнување, бидејќи плантажите за палмино масло ги бришат дождовните шуми за да произведат храна и продукти што ги консумираме секој ден. Но не е премногу доцна. Со прифаќање на одржлива иднина, можеме да ја спречиме оваа криза“, изјавил Кет Бартон, менаџер на зоолошката во Честер.
Новостите биле позитивно пречекани и од луѓето од власта.
Не само што неодржливото производство на палмино масло е поврзано со деградирање на околината, туку самиот процес емитува опасни стакленички гасови и ги загрозува живеалиштата на луѓето. Можете и вие да преземете нешто, така што ќе го бојкотирате користењето на продукти направени со неодржливо палмино масло.
Погледнете кои се утринските навики кои се штетни за околината и како да ги промените.