Ангелска порака за новата година: Кој број ви го привлекува вниманието?

Ангелска порака за новата година: Кој број ви го привлекува вниманието?

Погледнете ги сликите, заедно со броевите под нив и без многу размислување одберете еден. Во продолжение откријте го неговото значење – ќе се изненадите колку е вистинито тоа што ќе го прочитате!

angelska-poraka-za-novata-godina-koj-broj-vi-go-privlekuva-vnimanieto-www.kafepauza.mk

866

Ангелскиот број 866 е порака која говори дека ќе бидете вклучени во некакви трансакции во материјалниот свет, како што е продажба на имот. Ако немате намера да изгубите или продадете нешто во вашиот материјален живот, променете ги своите мисли и сменете ја насоката во која се движите. Но ако имате намера да продадете нешто, тогаш сметајте ја оваа порака како знак дека ќе бидете успешни и дека таа одлука ќе ви донесе голема среќа.

452

Ангелскиот број 452 е порака која говори дека вашата напорна работа ќе биде наградена. Оваа награда ќе се манифестира во вид на нови шанси и промени во вашиот живот што брзо ќе ви го подобрат квалитетот на патот низ кој се движите. Едноставно верувајте дека сите проекти ќе ви успеат и вашите цели без сомнение ќе се остварат.

129

Ангелскиот број 129 е порака која говори дека треба во целост да го живеете животот. Вие многу добро ја знаете својата цел и мисијата на својата душа, па сè што треба да направите е да верувате дека имате вештини и таленти со чија помош страста ќе ја претворите во работа, и ќе заработувате без да се мачите. Вие самите сте способни да го исполните својот живот и да живеете онака како што сметате дека е правилно. Преземете ги потребни дејства и брзо ќе успеете.

777

Ангелите ви ракоплескаат – честитки, на добар пат сте! Само продолжете така, бидејќи знаете точно што сакате и како истото да го добиете. Не постои желба што нема да ви се оствари доколку имате чисти срца, како сега. Ова е исклучително позитивен знак, па очекувајте многу чуда во вашата иднина.

Одберете ја и својата муза, па кликнете на неа – таа ќе ви даде насока и инспирација за вашиот животен пат!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар