Амстердам – градот на велосипедите
Амстердам е еден од најпознатите велосипедски расположени градови во светот. Во него живеат 750.000 луѓе, кои поседуваат 800.000 велосипеди. Според едно истражување направено пред неколку години, секојдневно на улиците има 490.000 велосипеди, кои вкупно поминуваат 2 милиони километри дневно.
Во градот има навистина прекрасни услови за користење на велосипед како транспортно средство. Секаде се обележани велосипедските патеки, има соодветни места каде што можете да го оставите и да го заклучите својот велосипед, па дури постојат и катни паркиралишта за велосипеди, кои се под надзор, а за чие користење не ви требаат многу пари. Споредбено со другиот вид на транспорт во градот, патувањето со велосипед е доста евтино и брзо, а на ова можат да се додадат и здравствените придобивки.
Во градот има околу 400 километри обележани велосипедски патеки. Најкарактеристичен велосипед за градот е традиционалниот „Omafiets“, но можат да се забележат секаков тип велосипеди. Исто така, голем број туристи кои го посетуваат градот, турите ги прават со велосипед. За разгледување на градот со автомобил треба да знаете дека паркинг местата се многу скапи, голем број улици се затворени, а оние кои не се, се едносмерни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.