Американка стана првиот генетски модифициран човек во светот само поради вечна младост

Американка стана првиот генетски модифициран човек во светот само поради вечна младост

Многу измислени идеи од научната фантастика станале реалност – телефонот, подморницата, ракетата… Денес уште една идеја од научно фантастичните романи станува реалност. Овој пат од сферата на генетскиот инженеринг – научниците успеале да го пронајдат „изворот на младоста“.

Американка стана првиот генетски модифициран човек во светот само поради вечна младост

Преку посебни механизми за стареење кои не е докажано дека работат, научниците сепак успеале да откријат дека стареењето зависи директно од големината на теломерите, односно крајниот дел од хромозомите. Колку се подолги теломерите, толку подолго живее личноста.

Директорката на „BioViva USA Ins.“, Елизабет Париш, тврди дека нејзиниот тим развил нов метод кој може да ги зголеми теломерите ефективно и безбедно. Во 2016-та година, 45-годишната директорка изјавила дека успешно поминала курс за генетска терапија против стареење. Терапијата вклучувала елиминација на 2 главни ефекти од стареењето – скратување на теломерите и губење мускулна маса.

Американка стана првиот генетски модифициран човек во светот само поради вечна младост

Теломерите се делот од хромозомите што е одговорен за бројот на поделби на клетката пред таа да умре. Должината на теломерите кај секоја личност е различен. Должината на теломерите се намалува и откако ќе дојде до 50 поделби на клетка, процесот на стареење започнува. Во текот на истражувањето се открило дека ДНК-та може да се обнови со помош на ензимот теломераза кој реагира со теломерите и им ја „враќа“ должината.

Моментално процесот на обновување на теломерите се прави со модифицирана РНК. Кога РНК-та ќе се стави во теломерот, ја зголемува активноста на теломеразата за 1-2 дена. Во овој период активно ги зголемува теломерите, а потоа се распаѓа. Како резултат на ова клетките се однесуваат „младо“ и почнуваат да се размножуваат побрзо од останатите клетки во групата.

Американка стана првиот генетски модифициран човек во светот само поради вечна младост

Благодарение на овој метод, теломерите се издолжиле за над 1.000 нуклеотиди, односно неколку години човечки живот. Овој процес е безбеден бидејќи не предизвикува непотребна модификација и мутација на клетките.

Лабораторијата „SpectraCell“ потврдила дека успехот со оваа терапија е возможен. Во 2015-та година пред да започне со терапијата, крвта на Елизабет била тестирана. Должината на теломерите била околу 6.710 пара нуклеотиди. Во 2016-та година по крајот на терапијата, нејзината крв повторно била тестирана и должината на теломерите била 7.330 пара. Ова значи дека леукоцитите во нејзината крв станале 10 години „помлади“. Процедурата била направена во Колумбија бидејќи овие експерименти се забранети во САД.

Американка стана првиот генетски модифициран човек во светот само поради вечна младост

Резултатите од експериментот биле потврдени од две независни организации – белгиската непрофитабилна организација „HEALES“ и Британската фондација за биотехнологија.

Втората цел на оваа терапија е да се потисне лачењето на протеинот миостатин кој го намалува растот на мускулното ткиво. Овој протеин се формира во мускулите и потоа се ослободува во крвта. Истражувањата на животни покажале дека блокирањето на дејството на миостатинот води до зголемување на сувата мускулна маса.

Американка стана првиот генетски модифициран човек во светот само поради вечна младост

„Денешната терапија за издолжување на теломерите нуди само променлив животен стил за пациентите – откажување од месото, спортување и избегнување стресни ситуации. Според мене ова е неефективно. Додека достигнувањата во сферата на биотехнологијата се најдоброто решение и ако резултатите од моите експерименти се точни, ова значи големо достигнување во науката.“

Оваа терапија овозможува изведување експерименти за истражување за ефективно и побрзо моделирање на лекови и болести. Во главно, може да се употреби за продолжување на животниот век.

Можеби Елизабет стана пионер во полето на генетската терапија, но и многу повеќе. Можеби таа е пионерот што го открил патот до бесмртноста.

Погледнете и некои од најчудните методи против стареење од минатото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар