Алкохолот прави да престанеме да се срамиме од нашите постапки
Освен ако не сте од оние кои никогаш не пијат алкохол, сигурно барем еднаш во животот сте искусиле утро, кога сте се прашувале зошто сте ја направивте таа ужасно срамна работа, претходната вечер додека сте биле пијани.
Без разлика дали станува збор за СМС-порака поради која се срамите воопшто да го погледнете мобилниот телефон, пијана изјава на љубов на некој кој не заслужил или нешто поекстремно, тоа е сепак некоја ваша реакција, која не би се случила доколку би биле во трезна состојба.За конечно да се разреши дилемата, како алкохолот нè тера да ги преминуваме нашите сопствени граници, направени се голем број детални скенирања на мозокот, кои откриле дека алкохолот во суштина, не нè тера да се однесуваме лошо, туку прави да престанеме да се грижиме за тоа дали се посрамуваме пред другите луѓе.
Едно истражување спроведено од тим од универзитетот во Мисури, покажало дека пијаните луѓе се сè уште свесни дека прават грешка, но алкохолот ги ослабува мозочните сигнали, кои нè тераат да чувствуваме грижа на совест.
Професор Брус Бартолоу, кој ја водел студијата рекол:
„Кога правиме грешки, се зголемува активноста во делот од мозокот, која е одговорна за следење на нашето однесување. Таа активност ги алармира другите делови од мозокот дека нешто тргнало наопаку. Нашето истражување покажа дека алкохолот не ја намалува нашата свесност дека правиме грешка, туку само го намалува чувството на грижа, во врска со правење на таа грешка.“
Во текот на истражувањето, тимот составен од психолози на проф. Бартлоу, ја мерел активноста на мозокот на луѓе на возраст помеѓу 21-35 години, додека тие извршувале некоја сложена компјутерска задача. На една третина од нив им биле дадени алкохолни пијачки, а на останатите не им било дадено ништо или пијалаци кои треба да создадат плацебо ефект.
Со цел добро да биде проследена мозочната активност на учесниците, истражувачите ги мереле промените во нивното расположение, нивната прецизност во решавањето на компјутерската задача, како и нивната способност за сфаќање на задачата.
Резултатите покажале дека „алармот“ на мозокот како реакција на направените грешки, „потивко ѕвонел“ кај оние кои пиеле алкохол.Во секој случај, пијаните учесници биле свесни кога правеле грешка во задачата, но тие едноставно, помалку се грижеле за тоа. Исто така, било докажано дека луѓето кои консумирале алкохол, не сакале да забават и да бидат повнимателни во решавањето на зададената задача откако ќе направеле грешка.
Проф. Бартолоу рекол: „Честа појава кај луѓето е да реагираат побавно откако ќе направат некаква грешка, бидејќи се обидуваат да ја повратат нивната самоконтрола. Групата луѓе кои консумираа алкохол, не го сторија тоа.“
Професорот вели дека овие откритија се важни за да сфатиме како алкохолот нè предизвикува да направиме вакви видови грешки и социјални посрамотувања, кога сме пијани. Тој додава:
„Во одредени околности намалувањето на мозочните сигнали под дејство на алкохол може да биде добра работа, бидејќи некои луѓе, како на пример оние кои имаат проблем со нервите и чувството на неспокојност, стануваат хиперсензитивни кога нештата ќе тргнат на лошо. Кај овие луѓе, мала количина на алкохол може да ги отстрани тие чувства на вознемиреност.“
Ако баш вчера се посрамотивте, денес барем ублажете ги негативните ефекти од пијанството на кои може да се делува.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Какво откритие! :O