Алкохол наспроти марихуана: Што е навистина полошо за вашето здравје?
Марихуана и алкохолот се најприсутните супстанци за забава низ речиси целиот свет. Ако прашате неколку луѓе што е поштетно, сигурно ќе добиете разни одговори. Во оваа споредба имајте на ум неколку информации:
- Предвид се земаат дузина фактори во споредбата на алкохолот и марихуаната.
- Влијанието на супстанциите на вашите срце, мозок и однесување се 3 од овие фактори.
- Научниците го истражуваат алкохолот со години.
- Има многу малку научни истражувања за марихуаната.
1. Многу луѓе умираат од претерано консумирање алкохол
Во 2015-та година, имало 33.171 смртни случаи поврзани со алкохол само во САД. Оваа статистика не ги вклучува смртните случаи поврзани со несреќа или убиство. Во тој случај бројот би бил многу поголем.
2. Никој нема умрено од користење марихуана
Никој нема умрено како резултат на користење марихуана. Додека несаканите последици се навистина загрижувачки, не постои ниту еден смртен случај поврзан со оваа супстанца. Едно истражување дури и покажало дека корисниците на марихуана не значи дека ќе умрат порано од оние кои не ја консумираат. Ова истражување ги анализирало навиките за пушење на луѓе на возраст од 15 до 49 години, во период од 6 години.
3. Алкохолот е позависен
Во споредба со марихуаната, алкохолот е позависен. Во истражување од 1994-та година, од испитаниците кои пробале марихуана барем еднаш околу 9% биле зависници. Од оние кои пробале алкохол, 15% биле зависници.
4. Марихуаната е штетна за срцето
Според Медицинското училиште на Харвард, ризикот за инфаркт е неколку пати поголем по пушењето марихуана. Оние кои имаат проблеми со срцето и кои се под стрес побрзо чувствуваат болка во градите ако пушат марихуана. Ова се случува бидејќи марихуаната го забрзува чукањето на срцето и ги проширува крвните садови.
5. Повременото пиење алкохол можеби е добро за здравјето
Умереното консумирање алкохол можеби е добро за вашето срце. Тоа го намалува ризикот од срцеви заболувања, ризикот од мозочен удар и ризикот од дијабетес.
6. Алкохолот е поврзан со рак
Во ноември, 2017-та година лекарите ги замолиле луѓето да намалат со пиењето алкохол. Тие пронашле поврзаност помеѓу пиењето и неколку видови рак. Откриле дека пиењето една чаша вино или пиво на ден го зголемува ризикот од рак на дојката.
7. Алкохолот можеби е полош од марихуаната
Споредбите на алкохолот и марихуаната покажуваат дека марихуаната е помало од двете зла. Сепак, треба предвид да се земат неколку нешта. Како што спомнавме претходно, за алкохолот се направени многу истражувања. Од друга страна, долгорочните ефекти од употребата на марихуана не се познати. Без сомнение, потребно е уште проучување за да се открие како оваа супстанца му помага или штети на телото.
Погледнете и кои се здравствените придобивки од марихуаната.