Ако уринирате на јавно место во Хамбург ќе се направите лом
Сега веќе не е лесно да се уринира на јавно место во германскиот град Хамбург. Овој град е познат по одличниот ноќен живот, но тој со себе носи и многу пијани луѓе кои не се двоумат дали да се олеснат на сред улица. Утредента тоа мириса ужасно, па затоа жителите на квартот Санкт Паули, инаку центарот на тамошниот ноќен живот, одлучиле јавните површини да ги намачкаат со суперхидрофобична материја. Кога ваков слој е нанесен на некоја површина тој ја одбива од себе секоја течност која ќе допре до него. Така, оној кој ќе се обиде да уринира на јавно место ја добива својата урина назад врз своите нозе. Оние места кои се намачкани со суперхидрофобична материја најчесто се обележани со знаци, но има и такви кои не се, па затоа не е многу паметно да си ја пробувате среќата ако се најдете таму.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.