Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

Која е вашата дестинација од соништата? Кога би можеле да избирате, каде би отпатувале? Се вели дека човекот се богати само со искуствата. Секоја нова дестинација која ја посетуваме во нас остава неизбришлива трага и впечаток кој не може да се опише со зборови. Од ниедно патување никој не се враќа ист – нашите погледи кон животот и светот се со секој нов поминат километар малку поопширни. Всушност, во тоа се состои и суштината на патувањето – запознавање со новото.

Париз, Франција

Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

На прво место, сосема оправдано, се наоѓа француската престолнина која важи за една од најромантичните градови во светот и ретки се луѓето кои немаат желба да го посетат ова место. За љубителите на француската култура, историја, уметност и фотографија, Париз е една непресушна инспирација. Конкретно, ако сте во Париз, тогаш мора да ја посетите и познатата Ајфелова кула која е и една од најпознатите знаменитости која градот може да ја понуди.

Лондон, Велика Британија

Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

Лондон е еден од најголемите европски градови кој вреди да го посетите поради неговата фантастична и специфична архитектура која е синоним за европската уметност, но и поради оние објекти кои го карактеризираат градот во поп културата како што се црвените говорници, нивниот јавен транспорт или познатите улици и места од историјата.

Њујорк и Централниот парк, САД

Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

Независно колку ја сакате или не ја сакате Америка, сепак вреди да се истражат сите географски богатства кои ги нуди оваа земја на соништата. Прв на листата се разбира е Њујорк – големото јаболко кое денес стои како симбол за урбаната култура и модерниот живот во кој сѐ е дозволено. Природата и зеленилото се секогаш достапни кога на њујоршкото население ќе му здодее од модернизмот и брзото работно темпо и тие доаѓаат во форма на најпознатиот парк во светот. Централниот парк е едно естетски и визуелно привлечно место со неверојатна хортикултура кое секогаш изобилува со туристи.

Езерото Абрахам, Канада

Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

Канада сама по себе е неверојатна земја, посебно ако ја сакате зимата и снегот. Тука задолжително мора да го посетите и замрзнатото езеро Абрахам кое крие мноштво сино-бели балончиња, замрзнати под неговата површина. Оваа појава всушност е резултат на „работата“ на бактериите кои живеат во езерото, кога се хранат со алги, а потоа испуштаат гасови на метан кои во зимските периоди замрзнуваат и ја чинат оваа интересна глетка.

Сината Лагуна, Исланд

Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

Станува збор за најпосетената и најпопуларната туристичка атракција на Исланд, која всушност настанала сосем случајно. Локалното населените забележало дека отпадната вода од геотермалната електрана која ги наводнува полињата што со години биле обликувани од лава, има лековити својства за нивната кожа, па така со тек на време таа вода ја претвориле во светски позната бања.

Продолжете на следната страница за останатите 5 неверојатни градови на оваа листа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

  1. Ljupcho Reply

    Italija, Italija, i samo Italija, e moeto mesto od sonistata, za zal be sum bil, samo od tv sto sum gledal. Na drugite spomnati mesta tuka, ne bi odel ni bez pari da e, Hrvatska moze sum bil 3 pati na letuvanje, pivtorno bi otisol, ako imam moznost.

Остави коментар