Ако сакате да го промените животот, започнете го денот со овие реченици
Дали некогаш сте се запрашале колку првата мисла, ритуалот или начинот на комуникација кога ќе станете може да влијаат врз животот? Дали размислувате за проблемите, за тоа што сонувавте таа ноќ, за работата, децата, некоја песна, планови, дечко, коронавирус итн. Токму од тој момент започнува сè. Се разбира, не можете да влијаете на многу работи, но она што можете да го направите е да изберете како да се справите со нив.
Актерката Ајварли Брукс открива кои реченици ѝ помагаат да се фокусира на напредокот и ја тераат да го искористи својот целосен потенцијал.
„Една личност никогаш нема да остари сè додека жалењето не ги замени нејзините соништа.“
Оваа реченица ја потсетува да се фокусира на она што може и на она што ќе го направи, а не на она што не може да го направи.
Како да го промените животот?
Брукс има уште еден совет за секој што сака да го промени својот начин на размислување и да се сврти кон позитивниот поглед на светот.
„Тоа не ми се случува мене, туку се случува за мене.“
Со други зборови, наместо да се прашува зошто се случило нешто, таа го гледа тоа од друг агол и се потсетува себеси дека сè се случува со причина – и кога е добро и кога е лошо.
Според актерката, покрај сè што нè опкружува во моментот, таа останала приземна и се чувствува оптимистично кога гледа кон иднината благодарение на ваквите размислувања и ставови.
Иако сега е многу тешко да бидете и да останете позитивни поради пандемијата на коронавирусот, немате друг избор освен да ги насочите своите мисли на тоа што можете да го направите во моментот, а тоа е подобра сегашност, подобар ден во кој ќе дадете сè од себе.
Овие мантри нека ви послужат како инспирација да пронајдете и некоја своја мантра. Никогаш немојте да престанете да сонувате и да ги гледате работите од светлата страна, дури и кога околу вас е темнина.
Погледнете ги овие 9 чекори како да го промените животот на подобро.