Ако рециклирате, никогаш немојте да ги тргате капачињата од шишињата!

Ако рециклирате, никогаш немојте да ги тргате капачињата од шишињата!

Правилата за рециклирање можат да бидат навистина збунувачки. Но, еден мит за рециклирање во кој дефинитивно не треба да верувате е дека треба да ги отстраните капачињата од шишињата пред да ги ставите во кантата за рециклирање.

Многумина мислат дека со отстранувањето на капачињата се олеснува работата на луѓето што работат во областа на рециклирањето, но тоа не е вистина. Откако пластичните шишиња ќе се смачкаат, тие поминуваат низ вода. Бидејќи капачињата се направени од малку поинаква пластика, тие ќе плутаат додека пак самите шишиња ќе потонат и тоа го олеснува процесот на делење на материјалите.

Ако вие го тргате капачето од шишето и го фрлате во обичното ѓубре, големи се шансите дека тоа кога-тогаш ќе заврши во океанот и ќе го загрози морскиот живот. Пластичните капачиња се наоѓаат во топ 5 најчести отпадни предмети што се исфрлени на плажите. Тоа е уште една причина плус зошто треба да го оставите капачето на самото шише пред да го фрлите за рециклирање. По рециклирањето, капачињата имаат широка намена и можат да помогнат при создавањето на многу други материјали.

И за крај, обидете се и да не го смачкувате шишето пред да го фрлите, бидејќи може погрешно да биде сортирано во категоријата за хартија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар