Ако планирате есенска венчавка, тогаш искористете ги паднатите лисја како совршена декорација

Ако планирате есенска венчавка, тогаш искористете ги паднатите лисја како совршена декорација

Ако барате романтични и необични идеи за венчавка, тогаш есента може да ви биде одличен сојузник. На многу едноставен начин и без многу потрошени средства можете просторот за венчавка да го направите посебен и романтичен.

1-ako-planirate-esenska-venchavka-togash-iskoristete-gi-padnatite-lisja-kako-sovrshena-dekoracija-www.kafepauza.mk_

Најверојатно досега на никого не му паднало на памет да ја украси салата со паднати есенски лисја. Да, есенски лисја во необични бои кои можете да ги соберете од парковите, улиците или од вашата градина и со нив да го претворите просторот во прекрасна есенска бајка.

2-ako-planirate-esenska-venchavka-togash-iskoristete-gi-padnatite-lisja-kako-sovrshena-dekoracija-www.kafepauza.mk_

Како ви се чини од паднати есенски лисја да направите цветен аранжман на масата?

3-ako-planirate-esenska-venchavka-togash-iskoristete-gi-padnatite-lisja-kako-sovrshena-dekoracija-www.kafepauza.mk_

Или наместо со ливчиња од ружа, патот кон олтарот да ви биде прекриен со лисја во есенски бои?

4-ako-planirate-esenska-venchavka-togash-iskoristete-gi-padnatite-lisja-kako-sovrshena-dekoracija-www.kafepauza.mk_

Кој вели дека поканата мора да биде украсена со светки, бисери или со сатенска лента? И паднат лист делува како одличен избор, изгледа префинето, а заштедата не е за потценување.

5-ako-planirate-esenska-venchavka-togash-iskoristete-gi-padnatite-lisja-kako-sovrshena-dekoracija-www.kafepauza.mk_

Дури и свадбената торта можете да ја украсите со ружи во портокалова боја, бидејќи оваа боја е карактеристична за есента, а околу нив да има лисја во зелена боја како и ливчиња од ружи.

7-ako-planirate-esenska-venchavka-togash-iskoristete-gi-padnatite-lisja-kako-sovrshena-dekoracija-www.kafepauza.mk_

Па и масите за гостите, но и просторот пред салата ќе добијат некој посебен ефект ако се украсат на овој начин.

8-ako-planirate-esenska-venchavka-togash-iskoristete-gi-padnatite-lisja-kako-sovrshena-dekoracija-www.kafepauza.mk_9-ako-planirate-esenska-venchavka-togash-iskoristete-gi-padnatite-lisja-kako-sovrshena-dekoracija-www.kafepauza.mk_

Дали ви се допаѓа идејата да ја украсите вашата венчавка со паднати есенски лисја?

11-ako-planirate-esenska-venchavka-togash-iskoristete-gi-padnatite-lisja-kako-sovrshena-dekoracija-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар